На прво место

Законот за СЈО спасува дел од обвинетите во новите предмети

Членот 22 од Законот за специјално обвинителство засега ги спасува од обвинение, осомничените во новите шест истраги кој вчера ги презентираше СЈО. Овој член од законот забранува после 30 – ти јуни 2017 година, Катица Јанева да покренува обвиненија за истраги кои се завршени.

Закон за СЈО, Член 22:

„Јавниот обвинител кој раководи со Јавното обвинителство може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражна постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите во негова надлежност.“

За промена на членот потребно е дво третинско мнозинство или за продолжување на рокот на СЈО треба да гласа и ВМРО – ДПМНЕ – опција која опозицијата ја исклучи. Ова значи дека новите истраги кои ги најави Катица Јанева како и старите десет, не може да финишираат со обвинение. Затоа, Зоран Ставрески поранешен министер за финансии, Никола Груевски, Кирил Божиновски, Стевчо Јакимовски, директорот на МТВ, Маријан Цветковски, Генералниот скретар на ВМРО – ДПМНЕ, Игор Јанушев, екс директорот на Телеком Жарко Луковски како и актуелниот вицепремиер за евроинтеграции Бујар Османи, засега ќе се спасат од обвинение пред Кривичниот суд.

Осомничени во новите истраги на СЈО:

ЗОРАН СТАВРЕСКИ, ПОРАНЕШЕН МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ

НИКОЛА ГРУЕВСКИ

КИРИЛ БОЖИНОВСКИ

СТЕВЧО ЈАКИМОВСКИ

МАРИЈАН ЦВЕТКОВСКИ, ДИРЕКТОР НА МТВ

ИГОР ЈАНУШЕВ, ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА ВМРО – ДПМНЕ

ЖАРКО ЛУКОВСКИ, ПОРАНЕШЕН ДИРЕКТОР НА ТЕЛЕКОМ

БУЈАР ОСМАНИ, ВИЦЕПРЕМИЕР ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ

Поранешниот обвинител Александар Наков не ја исклучува можноста, готовите истраги на СЈО, Јанева да ги предаде во редовното обвинителство.

„Убеден сум дека СЈО ќе продолжи да постои, а на тоа ми укажа и последното интервју на Републичкиот јавен обвинител дека ќе имаат некое решение СЈО како такво да влезе во редовното обвинителство и продолжи со својата работа“, вели Александар Наков, поранешен обвинител.

Можноста финишарните истраги СЈО да ги предаде во јавното обинитество ја потврди и специјаланата обвинителка Катица Јанева во интервју за Алсат М пред две недели.

„Се надевам дека прашањето околу мандатот за да поднесуваме обвиненија ќе биде најбрзо можно решено и СЈО ќе може да си ги застапува предеметите. Ако не дојде до тоа сигурно ќе мора да ги дадеме предметите што нема да ни биде драго и во секој случај ќе им помагаме на нашите колеги од редовното обвинителство доколку се створат можности да ги совладаат нашите предмети“, рече Јанева.

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски за Алсат М објасни дека немале средба со Катица Јанева на тема преземање одредени обвиненија. Според него и за ова требаат одредени законски измени но се подготвени целосно да соработуаат со СЈО. Инаку, во новите шест истраги на специјалното обвинителство за прв пат се појавува името на екс министерот за финансии Зоран Ставрески. СЈО се сомненева дека Ставрески и Јанакиески проневериле над 30 милиони евра со порамнување на Клириншкиот долг со Русија.

Иаку новите истраги опфаќаат и актуелен функционер – Бујар Османи. СЈО го сомничи дека заедно со уште 15 лица го оштетил буџетот за речиси половина милион евра при реконструкацијата на болници низ Македонија. На листата осомничени во различни предемети се најдоа и екс премиерот Никола Груевски и неговите блиски соработници, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески. Според СЈО шесте истраги „Подарок“, „Пропаганда“, „Дизајн“, „Хармонија“, „Базни станици“ и „Пациент“, покажуваат злоупотреба на 80 милиони евра народни пари.

Бојан Стојановски

https://www.alsat-m.tv/mk/%d0%b7%d0%b0%d0%ba%d0%be%d0%bd%d0%be%d1%82-%d0%b7%d0%b0-%d1%81%d1%98

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top