На прво место

Се поклонуваме на делото на шестмината македонски револуционери кои ги поставија темелите на ВМРО

“Се колнеме во името на Бога, верата и честа,

дека отсега ќе служиме колку што можеме за слобода на нашата татковина Македонија и Одринско;

ќе ги слушаме наредбите на нашите главатари;

нема никому да ги кажеме скришните народни работи.

Ако не ги слушаме наредбите на нашите главатарии,

ако некому, свесно или несвесно, кажеме за она што сега го гледаме, што го слушаме и што го работиме

да бидеме убиени од браќата со оружјето што сега го целиваме.

Амин”

о Изминаа 125 години откако сновоположниците д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов ги поставија темелите на Македонската револуционерна организација која потоа ќе стане симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.

Државниот празник Денот на македонската револуционерна борба кој се слави по повод формирањето на Македонската револуционерна организација на 23 октомври 1893 година во Солун, македонскиот народ го празнува со посебен пиетет. Формирањето на ВМРО на крајот на XIX век значи почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, преку НОВ и АСНОМ, резултира со создавање на современа самостојна македонска држава.

Пред 125 години шестмината учители, лекари, книжари го поведоа народот на Македонија по патот на револуционерната борба, по патот до слободата. На тој пат се приклучија стотици, илјадници следбеници, се родија нови апостоли на македонската револуционерна борба. Многумина од нив паднаа, оставајќи ги своите коски на секоја педа на со векови напатената македонска земја. Но, колку повеќе нивната крв ја напојуваше мајката земја, толку повеќе таа раѓаше нови македонски синови и ќерки кои уште посилно и пожестоко се бореа и одеа по зацртаниот пат за слобода на Македонија.

Водени од длабоката љубов кон својата земја и кон сопствениот народ, македонските синови и ќерки се спротивставуваа на пропагандите и многубројниот непријател. Иако исправени пред бројни предизвици, тие непоколебиво газеа напред, свесни дека само со сопствени сили можат да дојдат до посакуваната слобода. Ни измачувањата, ни гладта, ни болеста, ни смртта, неможеше да го отргне македонскиот народ од патот кој еднаш веќе го исцрта Македонската револуционерна организација.

Организацијата со тек на времето го менуваше името, но секогаш таа остануваше македонска и револуционерна. Сепак, четирите букви на ВМРО и девизата „Слобода или смрт“ беа длабоко врежани во свеста на македонскиот народ и беа главните ѕвезди водилки на македонските револуционери на патот до слободата. Со секој нов паднат борец тие сјаеа на небото уште посилно, посветло, се додека конечно не изгреа македонското сонце на слободата. Оттука, на 23 октомври го славиме Денот на македонската револуционерна борба.

На овој долг пат до слободата, македонскиот народ во револуционерната борба го предводеа, храбри, чесни и образовани луѓе. Луѓе со добра мисла и чисто срце, луѓе кои сакаа да обезбедат иднина за сите Македонци, без разлика на верската или етничката припадност. Нивната доблест ги обединуваше македонскиот народ и други припадници на етничките заедници во заедничката борба за самостојност и за национална држава. За ова говорат документите во кои уште од самиот почеток се вели дека „Секој без разлика на пол, националност или лични уверувања може да стане член на организацијата“.

Ваквиот став го наоѓаме во сите документи на македонската револуционерна борба, како во Крушевскиот манифест, така и во сите други манифести кои се појавени во текот на долготрајната револуционерна борба на македонскиот народ, од Илинден 1903, АСНОМ 1944 година и референдумот за самостојна Македонска држава на 8 септември 1991 година.

Во текот на македонската револуционерна борба во Организацијата се случуваа раздори и поделби заради правецот по кој треба да се дојде до целта. Едни одеа лево, други десно, но секогаш заедничко им беше слободна и независна Македонија. Македонскиот непокор, не дозволуваше друга опција. Сепак овие разидувања беа една од причините за поделба на Македонија во Балканските војни во 1912/1913 година.

Оваа поделба повторно ќе ги обедини политичките сили на Македонците од сите делови на Македонија во единствено македонско револуцинерно движење по Првата светска војна. Но тие сили ќе бидат недоволни повторно да се обедини Македонија во нејзините природни етнографски и географски граници. Состојбите во поделената и окупирана Македонија ќе има рефлексии и на ова обединување, но народот никогаш не го заборави ВМРО и стремежот за создавање на слободна, обединета и независна македонска држава.

Овој стремеж дојде до израз во текот на Втората светска војна кога антифашистичката борба во најголем дел ги обедини македонските револуционерни сили. Така, по Илинден 1903, се случи АСНОМ 1944 година, кога на еден дел од Македонија и македонскиот народ, доби држава со ограничен суверенитет. Желбата за целосен суверенитет се исполни дури во 1991 година кога Македонија прогласи независност.

Затоа, денес кога го чествуваме 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, како и 125 години од формиеањто на ВМРО, се поклонуваме на делото на шестмината македонски револуционери кои ги поставија темелите на ВМРО, како и на сите потомци и следбеници на Делчев, Груев, Карев, Гули, Александров, Чучков, Брашнаров, Ченто и на сите знајни и незнајни херои кои својот живот го положија на олтарот на слободата за Македонија.

ДА Е ВЕЧНА И ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА!

АМИН!

Македонска нација

Најново од: На прво место

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

Сиљановска-Давкова до фон дер Лајен: Македонија да напредува според европските критериуми, без билатерални блокади

Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред Копенхашките критериуми Македонија заслужува напредок според реформите и подготвеноста за членство. Фон дер Лајен оценила дека досегашните реформи се импресивни и порачала дека местото на Македонија е во Европската Унија. Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон […]

Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Реформите треба да носат напредок, без нови билатерални условувања

Македонија очекува фер и предвидлив европски процес, со јасни правила и поголема вклученост на Европската Унија во надминувањето на пречките на патот кон членството. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одржал средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Според неговата изјава, на средбата отворено разговарале за европската иднина на Македонија, реформскиот […]

Од Заевото „живи луѓе ќе јадеме“ до Филипчевото „ќе ги згазам како шлепер жаба“

Се повторува една лоша појава: политичката решителност да се покажува со речник на заплашување. Иако Заев тогаш се бранеше дека неговите зборови биле извадени од контекст, споредбата се наметнува поради самите употребени изјави. Филипче имаше можност да покаже поинаков начин на водење на СДС — со аргументи, самокритика и отворена расправа. Наместо тоа, со ваквиот […]

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Од сонот на ВМРО-СДРМА до политиката на Мицкоски: Македонија со силен американски сојузник

Она што младите македонски патриоти го барале во текот на летото 1947 година како американско покровителство, денес добива современ израз преку продлабочување на стратешкото партнерство со САД. Целта останува силна, самостојна и достоинствена Македонија. Постојат идеи што времето не ги брише. Се менуваат околностите, државните уредувања и средствата на политичката борба, но останува стремежот Македонија […]

Филипче и СДС: За развојот се против, а за отстапките кон Софија се подготвени

Македонија заслужува опозиција што нуди решенија за подобар живот и бара гаранции за државните интереси. Европската иднина не смее да биде алиби за бескрајни отстапки. Венко Филипче сè повеќе остава впечаток дека политиката ја свел на една задача: да биде против власта, дури и кога е потребна сериозна расправа за инвестициите, индустријата и економскиот развој […]

Не го барам Самуил за себе — барам Преспа да не исчезне од неговата историја

Преземено од: Фејсбук-објава на Vasilopoulos Stratos од Воден По повод договорот меѓу министерствата за култура на Грција и Бугарија за размена на посмртните останки што му се припишуваат на Самуил со украдените скапоцености од манастирот Икосифиниса, сакам да ги искажам своите мисли и чувства. Скапоценостите биле украдени, додека посмртните останки биле откриени при законски археолошки […]

Најнови вести

To top