На прво место

ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ОД ЦК: Николоски го разобличил материјализмот на Мијалков!

ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ОД ЦК: Николоски го разобличил материјализмот на Мијалков!

Ексклузнивни детали од седницата на Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ ви открива Економски Лидер преку брифинг од партиски извори.

Нашиот извор, кој присуствал на седницата, вели дека еден од позвучните говори го имал потпретседателот Александар Николоски кој истакнал дека потребно е да се стави крај со матното минато на партијата и луѓето кои се најодговорни за тоа.

Николоски рекол дека има луѓе кои се материјалисти и идеалисти. И додека едни се бореле за идеали за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, други се бореле за зголемување на своето лично богатство, и заштита на својот капитал.

-Додека ВМРО-ДПМНЕ се соочуваше со тешки моменти, одење во опозиција лица како Сашо Мијалков во исто време го зголемуваа својот капитал, добиваа удел во хотел, променуваа сопственост во земјоделски задруги, формираа компании и акции во банки. И практично се доведе во ситуација едните да се бориме да го одржиме ВМРО-ДПМНЕ на власт затоа што силно верувавме дека постојат идеали, и дека се соочуваме со зло како СДСМ и Заев а тие другите се бореа за власт само да го заштитат своето лично богатство и личен комодитет и затоа прават се сега за да себе си се заштитат вклучително и коалиции со оние против кои ВМРО-ДПМНЕ жестоко се бори, СДСМ. – рекол Николоски, а нас ни прераскажа изворот од ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски на своите сопартијци им открил детали за тоа како Сашо Мијалков и помагал на власта да обезбеди двотретинско мнозинство во Собранието.

-Токму лицето Сашо Мијалков во изминатиот период посетуваше дома пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со луѓе, кои со себе носат и работи кои не се својствени за нормални луѓе и вршеше агитирање да го поддржат договорот. Дел се уплашија, а дел и не потклекнаа. Тие што на прва одбија, веднаш беа обработени со заштитен сведок, а една пратеничка која не е опфатена со случајот 27 или со СЈО а која гласаше за уставните промени “сосема случајно” е во роднинска врска со Мијалков. – им рекол Николоски на сопартијците.

Тој на сопартијците им кажал дека токму идеалистите биле репресирани во изминатиот подолг период во партијата дури и биле разрешувани од партиските органи, додека другите си ги зацврстуваа позициите и ределе свои луѓе за материјално да се обезбедат

Сето тоа се редеше под тепих, и се надевам дека тоа никогаш во иднина нема да се случи. ВМРО ДПМНЕ не може да има хипотеки и дека тој камен кој ја влече надоле партијата треба да се отфрли. – им порачал Николоски на сопартијците.

Николоски на Централниот Комитет направил разлика и помеѓу луѓето кои кодошат, и пренесуваат информации. Според неговите тврдења лица во Брисел пренесувале погрешни информации дека наводно раководството на ВМРО ДПМНЕ правело притисоци врз пратеници да не гласаат за уставните измени, наместо да одлучат по свое лично убедување

-На тој начин овие луѓе се правдале себеси правдајќи се себе си дека немаат успех во убедувањето да гласат пратениците спротивно од волјата на граѓаните, нешто што е тотална лага. – рекол Николоски.

Николоски својот настап го завршил со предлог да се предложи до општинските комитети да поведат постапка за исклучување на Тодоров и Мијалков и дека секогаш во минатото партијата расчистувала со кадрите кои работеле против политиките на партијата и дека тоа е она што мора сега да го направи партијата. Предлогот на Николоски бил едногласно усвоен.

https://lider.com.mk/makedonija/ekskluzivni-detali-od-ck-nikoloski-go-razoblichil-materijalizmot-na-mijalkov/

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

To top