На прво место

ОН го послушаа Иванов, ќе се решава за Преспанскиот?

Неделава се очекува иницијатива за преиспитување на повреда на начелата на меѓународното право пред ОН од Русија, Кина, Турција и земјите кои не признале по уставното име

Обединетите Нации, преку Советот за безбедност на иницијатива на Руската Федерација, ќе заседава за Преспанскиот договор, кој ги крши начелата на меѓународното право.

Според информации од Руското министерство за надворешни работи се очекува во текот на претстојната недела иницијатива за одржување вондредна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации да покрене Руската Федерација но и Кина, како две од петте постојани земји членки со право на вето.

Воедно како брифираат дипломати од ОН, Русија нема да навлегува во елементот на ЕУ и НАТО интегративните процеси, напротив, според извори блиски до министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров, Македонија ќе го има истиот третман како и Србија.

Она што би било елемент за правно толкување согласно меѓународното право е правото на самоопределување на една нација или народ, нешто за што на Генералното Собрание на ОН се повика и претседателот Иванов.

Шефот на рускара дипломатија најави дека во текот на оваа недела руското МНР ќе го започне процесот ОН да се произнесат за Преспанскиот договор како спогодба која ги крши начелата на меѓународното право, давајќи поддршка за НАТО и ЕУ интеграциите на Македонија но само под уставното име.

Иванов во својот говор воедно ги повика и сите 140 држави кои не имаат признаето под уставното име да не ја менуваат одлуката врз основа на Преспанскиот договор.

Информации од турската дипломатија говорат дека токму таа земја ќе иницира и поширок спектар правни мерки во ОН.

Имено Преспанскиот договор според турското МНР не е ни договор, тоа е спогодба која секоја влада може да ја донесе но тоа не значи дека веднаш има правен ефект.

Имено Русија, Кина и Турција ќе се повикаат на Уставот на Република Македонија но и на пропаднатиот референдум за промена на името, кој како волја на граѓаните не е пресликан со насилното убедување и уцени врз пратеници за почеток на уставни измени.

Факт кој повеќе говори дека се работи за класична уцена на една нација врз друга говори и последната изјава на грчкиот претседател кој побарал да се избрише секоја именка Македонија т.е. да се избрише Македонија во смисол на Втората Светска војна, каде Македонскиот народ се спомнува како дел од сојузничките сили во војната провив нацистичка Германија и фашистичките сојузници.

Правно Советот за безбедност нема ингеренции да решава за ваков вид спогодби, но се очекува иницијативата да премине во масовна поддршка од страна на земјите членки на ОН кои и пред да бидат имплементирани уставните измнени и усвоен новиот Устав на Република Северна Македонија, ќе ја информираат Владата и претседателот дека нивните земји без разлика на одлуката на Собранието во билатералната комуникација и пред меѓународните институции ќе го користат уставното име, Република Македонија.

Таков пример беше писмото од НАТО каде со фуснота беше обележано дека Република Турција ја препознава и признава државата како Република Македонија.

Колку држави ќе застанат зад таа фуснота во правен документ кој ќе призлезе од ОН?

Објавил: Мартин Попоски

https://www.magazin.mk/

Најново од: На прво место

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

To top