На прво место

Сорос ја плати промената на името на Македонија, контроверзниот милионер дал најмалку 45 милиони еур

„Информер“: Сорос ја плати промената на името на Македонија, контроверзниот милионер дал најмалку 45 милиони евра

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос го обвини својот колега, шефот на дипломатијата Никос Коѕијас дела зел пари од американскиот милијардер и со нив ги платил новинарите, бизнисмените и политичарите за да помине Преспанскиот договор, пишува српски „Информер“.

Американскиот милијардер Џорџ Сорос платил најмалку 45 милиони евра за Македонија да го постигне договорот со Грција, да го промени името, откри грчкиот министер за одбрана Панос Каменос.

Тој го обвини својот колега, министерот за надворешни работи Никос Коѕијас дека зел пари од Сорос и со нив финансирал политичари, новинари и бизнисмени за Преспанскиот договор кој го потпиша со Македонија да помине мазно во Грција. Коѕијас поради тоа поднесе оставка.

Но постои и план „Б“. Според грчките медиуми Коѕијас во средата на седницата на Владата жестоко се карал со Каменос кој остро се противи на договорот со својот северен сосед, и при неодамнешната посета на Вашингтон самоиницијативно го претставил својот план „Б“ за Македонија.

Министерот за надворешни работи го обвини колегата задолжен за одбраната да не се меша во неговиот ресор. Каменос, од друга страна, се бранел со тоа дека секој министер во владата има право да изнесе свој предлог, со оглед на тоа дека е уверен дека преспанскиот договор ќе пропадне бидејќи нема да биде усвоен во Парламентот.

-По жолчната расправа Каменос го нарекол Коѕијас „човек на Сорос“. Му викал дека американскиот милијардер дал 45 милиони евра за договорот со Македонија, наведуваат грчките медиуми.

Како што додаваат во прашање е таен фонд од кој се финансирани новинари политичари и бизнисмени и грчкото министерство за надворешни работи кои треба да го проголтаат Преспанскиот договор.

-Коѕијас во текот на расправијата со Каменос побарал од премиерот Алексис Ципрас да го заштити, меѓутоа, овој го одбил тоа. Ципрас седел и набљудувал, не сакал да се меша. Поради тоа Коѕијас кој бил вон себе од бес, поднел оставка, а премиерот без збор му ја прифатил, откриваат медиумите во Грција.Дополнително е откриено дека од тие тајни фондови на Сорос со милион евра се финансирани медиуми во Албанија и Македонија, како и Православната црква во Грција, а целта било да се омекне нивниот став за Преспанскиот договор.

Со оглед на сето ова, јавноста во Македонија се сомнева дека со парите на Сорос се финансирани нивните политичари, вклучувајќи го и премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, кои со Коѕијас го потпиша Преспанскиот договор.

Пари му се нуделе и на Глигоров. медиумите во Скопје потсетуваат на тоа дека не е првпат Грците да им нудат пари на Македонците.

-Покојниот претседател Киро Глигоров во своите мемоари објавени во 2001 година откри дека Грците нуделе куфер со пет милиони долари и артефакти со непроценлива вредност. Во аферата учествуваа некогашниот министер за внатрешни работи, Љубомир Фрчкоски и грчкиот генерал, Николаус Грилакис.

Гркот на Фрчкоски кој го напиша македонскиот Устав, усвоен по отцепувањето од СФРЈ во 1991 година, му нудел пари да го измени тој највисок правен документ и да го промени името на земјата.

Гигоров наведе и дека бил под притисок и дека Фрчкоски предлагал да се најде со претставниците на тајните грчки служби за да ја прифати грчката солуција за името, истакнуваат македонските медиуми.

Republika.mk

Најново од: На прво место

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

To top