На прво место

Прогонот на Никола Груевски воден од партиското Кацарска судството-омаловажување на ВМРО-ДПМНЕ

Политичкиот прогон за Никола Груевски воден од партиското Кацарска судството е со цел омаловажување на ВМРО-ДПМНЕ и задоволување на аболицираниот Заев

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Република Македонија живее со најголемиот политички мотивиран процес, воден од партиското Кацарска судството со единствена цел: задоволување на единствениот аболициран и помилуван криминалец поставен за премиер во Европа Зоран Заев. Ова што го сведочиме е вистинското лице на газењето на правдата, на судството, на демократијата, на вредностите, ова е вистинската одлика за црвенокмерското владение во Република Македонија. Ова е реалноста на зборовите „кажете им беше Заев, апсениот Заев, има живи луѓе да јадеме“.

Прогонот за Никола Груевски, е прогон мотивиран единствено од политички ниски страсти за омаловажување на ВМРО-ДПМНЕ чиј што почесен претседател е Груевски. Ова истовремено е порака против сите политички неистомисленици, кои со ваков потфат треба да бидат замолкнати и да се откажат од борбата против оваа однародена, капитулантска власт.

Почитувани, оваа хајка која што сега се прави против поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен премиер на Република Македонија, има и свој втор мотив договорен во мрачните кулоари на македонската неправда и реализирана во Кацарска несудството. Во моментов во Собранието паралелно тече втората фаза од обезличувањето на Република Македонија, втората фаза од реализација на капитулантскиот договор, истовремено со најголемиот пораз на македонската економија, ребаланс на буџет кој е потрошен за ништо.

Прогонот врз Груевски сега преку министерството за медиумска вистина- треба да ги покрие овие зафати на новата реалност, франкенштајн коалицијата за бришење на македонското постоење преку легализација на капитулацијата, економското осиромашување, обидот за кршење на македонската кичма. Ова само остава огромен впечаток дека по третата фаза, по ставањето точка на последниот македонски Устав, оваа хунта може да организира и јавно палење на вештерки на плоштадот, само да го оттргне вниманието од себе и да внесе поголем страв во јавноста.

Почитувани, Кацарска судството во Македонија работи под целосен диктат на Зоран Заев. Не важат докази, не важат аргументи, слепо важат само политичките нарачки на единствениот аболициран политичар Зоран Заев. Но, и Заев и Кацарска, и обвинителот сокриен во пупката на Заев, треба да знаат дека ниеден процес нема да ја симне дамката од Заев, аболициран за криминал од милиони евра за Глобал, помилуван за милиони во поткуп како градоначалник, помилуван од Кацарска судството за ПУЧ. Дамката единствен македонски политичар кој прифати и потпиша капитулација и македонско обезличување и газење на националните интереси!

Почитувани,

Рокот на употреба на оваа франкенштајн коалиција за капитулација и политички прогон брзо изминува. Политички прогон нарачан од Заев, сепак, нема да го изедначи Груевски или било кој од ВМРО-ДПМНЕ со Заев и неговите криминали, ниту ќе му ја оправда капитулацијата.

Најново од: На прво место

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

To top