На прво место

Отворено писмо од Македонците во Европа до пратениците да не гласаат уставни промени

Отворено писмо од Македонците во Европа до пратениците да не гласаат уставни промени

Гневни и крајно разочарани од предавничкиот антимакедонски глас на одредени пратеници во македонскиот парламент, со кој се овозможува промена на уставот на државата, ние Македонците од дијаспората во Европа, ја упатуваме нашата порака до истите за преиспитување на одлуката и не гласање во понатамошното работење на парламентот.

Самиот факт што легитимноста на пратениците произлегува од изборните програми на партиите и од волјата на народот, сите пратеници кои ќе гласат за уставните промени а не соодејствуваат со нивните претходни партиски програми , стануват де факто повеќе нелегитимни и немат никаква политичка тежина. Нивните гласови се нелегитимни и неважечки , бидејќи легитимноста произлегува од народот и за народот.

Македонската држава е производ на долготрајната историска борба преточени преку Илинден и Асном, потврдени со референдум од 1991 година како и со последниот од 30 септември . Тоа е легитимниот чин од уставот и правната поставеност.

Секое анти уставно однесување ќе подлежи на одговорност и секако ќе настојуваме да биде одобрено од европските институции.

Во моментот истите овие ЕУ институции се водени од личности кои не соодејствуваат со вистинските вредности на повелбите и начелата на Европската Унија. Личностите заминуваат а институциите остануваат со своите вградени вредности.

Нашиот апел ќе биде адресиран до секој пратеник во Република Македонија а воедно ќе се повика и народот директно да учествува во разобличувањето на македонското предавство .

Да за вистинските европските принципи, не за корупмираните ЕУ преставници.

Пратеници, водете се од гласот и волјата на народот што ви ја доверил довербата и потврдена со бојкотот на референдум, секоја друга материјална или политичка водилка е ништовна и само уништувачка .

Да живее Република Македонија!

Координативно тело на дијаспората во Европа.

Штутгард , 11 ноември , 2018

Најново од: На прво место

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

To top