На прво место

,,Прозападниот” Заев дома, “изолираниот антиевропеец” Иванов во Париз со светските лидери

,,Прозападниот” Заев дома, “изолираниот антиевропеец” Иванов во Париз со светските лидери

Премиерот Заев на изненадување на многумина во земјава и регионот не беше дел од големиот светски настан што го организираше францускиот претседател Емануел Макрон во чест на еден век од крајот на “Големата војна”.

Во Париз на покана на Макрон замина претседателот Иванов кој беше во друштво на Трамп, Путин, Ердоган, Нетанјаху и други светски лидери.

Премиерот Заев не замина на ниту една од повеќето локации каде се одбележуваше јубилејот а овој настан го честиташе преку Твитер.

Официјално никој досега не објасни зошто во Париз не замина “миленикот”на западот Зоран Заев.

На социјалните мрежи дел од активистите и симпатизерите на СДСМ оваа ситуација се обидоа да ја објаснат со тоа дека во Париз биле повикани само претседатели како шефови на држави но примерот со Грција ја елиминира оваа теза.

Во Париз со својата сопруга Атина ја претставуваше грчкиот премиер Ципрас а колегата на Иванов претседателот Прокопис Павлопулос не беше повикан.

Дипломатски извори за expres.mk анализираат дека непоканувањето на Заев треба да се гледа во корелација со неколкуте изјави на францускиот амбасадор во Скопје, заклучоците на ЕУ во кои се бара расчистување со корупцијата во Владата но и Нон Пејперот на неколку членки на ЕУ потпишан и од Франција објавен пролетоска во кој се вели дека без справување со корупцијата и без напредок во реформите Македонија нема наскоро да започне преговори со ЕУ.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати предходно изјави дека Франција како главен потписник на Нон Пејперот за Македонија нема да дозволи Македонија да го започне финалниот исчекор кон ЕУ со премиер кој е фатен на камера како бара мито во аферата “Едно евро за Вицето”, ниту со влада која е вплеткана во низа корупциски скандали.

Во заклучоците на ЕУ на самитот во јуни од Македонија беше побарано да се справи со корупцијата на највисоко ниво во владата.

Претседателот Иванов е еден од неколкумината активни македонски политичари за чие име не се врзува никаква корупциска афера.

Иванов во Париз беше дочекан како претседател на Република Македонија

http://expres.mk/prozapadniot-zaev-doma-izoliraniot-antievropeec-ivanov-vo-pariz-so-svetskite-lid

Најново од: На прво место

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

To top