На прво место

Македонија го живее своето најцрно време

Интервју на Мицкоски за Курир: Македонија го живее своето најцрно време, но на оваа власт ќе и се случи народ

За прашањето за името, за економската состојба, најавените зголемувања на даноците, реалните проблеми на граѓаните, нерасчистените убиства и секојдневните афери кои ја тресат државата разговаравме со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски во интервјуто за Курир нагласува дека судството во државата е задушено со политика, обвинителството со притисоци, се менува името на државата, а криминалот цвета. Власта неспособна да го реши загадениот воздух започна да го дели народот на посиромашни и богати.

На прашањето за даночната реформа со која се најавија зголемувања на даноците Мицкоски вели:

„Знаете има катастрофална лоша економска слика, има криминал кој цвета, се краде на ангро, Владата прави криминални иновации, крвави тендери кои завршуваат во приватни џебови и се тоа тоа треба да се плати, и тие сакаат да го наплатат од џебот на граѓаните.“

Целосното интервју со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дадено за КУРИР прочитајте го во продолжение:

КУРИР: Господине Мицкоски во последното ваше интервју рековте оваа влада ќе добие нокаут на изборите, на што го темелите ова тврдење?

МИЦКОСКИ: Нокаутот ќе дојде од граѓаните, и тука не треба да се биде премногу експерт или аналитичен за да се заклучи дека на оваа власт ќе и се случи народ. Едноставно е, имаме тотален хаос и неработа во секое поле. Забревтана машина која е пред зарибување, нема никакви резултати ниту напредок во било која сфера. Престана да се гради во државата, за година ипол не отпочнаа ниту еден проект, градежништвото во низа бележи двоцифрени падови, економијата е далеку под 5 осто раст каков што ветуваа пред да дојдат на власт. За година ипол не удрија камен темелник на ниту едно училиште, спортска сала, болница.

Се сеќавате во кампањата за референдумот кога им велевме дајте нашите пари што ни следуваа согласно распределбата за кампања, пренаменете ги за реновирање на училиштето Кирил Пејчиновиќ во Тетово. Тогаш арогантно рекоа, не се секирајте за тоа, има пари и за него и за кампања. Еве поминаа неколку месеци таму шајка не е закована. Наследија готов проект и пари за изградба на нова Клиничка Болница, го прекинаа договорот за градба, рекоа ќе граделе нова помеѓу Бардовци и Злокуќани. Сега пред некоја недела соопштија дека сепак тоа не е добра локација, и се откажаа од градба таму. Ама штетата е направена, до сега ќе имавме карабина на новата клиничка болница за која беа обезбедени пари.

Наследија еден готов автопат Демир Капија – Смоквица, година дена им требаше да го пуштат во употреба, наследија и еден во финална фаза Скопје – Штип, но и тој го заглавија, до сега ќе беше пуштен да не го намалија интензитетот. Да не зборам за некоја коренита реформа која ја спровеле, нема такви, судството го задушија со политика обвинителството со притисоци, го менуваат името на државата, а криминалот цвета.

Македонија го живее своето најцрно време, замислете порано секоја година се натпреварувавме на листата на Дуинг бизнис, сега веќе одиме надоле, и имаме пад во рангирањето, во Македонија не се отвараат фабрики, бизнисот трпи, а гедаме единствено пресметка меѓу олигарсите за фаќање на место под криминалниот чадор на власта. Нокаутот е неизбежен, само треба да се скратат рундите, бидејќи агонијата која ја приредуваат ќе биде поголема.

КУРИР: Власта вели дека затекнала хаотична ситуација и дека освен тоа што мора тоа да го надокнади, таа сериозно се пресметува и со криминалот, кое е вашето мислење?

МИЦКОСКИ: Видете, тие се власт година ипол во оваа земја, и во моментот контролираат се. Тие победија со уверување дека ќе биде подобро, но тоа подобро никаде го нема. Политичарите ги бираат не за да даваат изговори, туку да носат решенија. Што се однесува до наводната борба против криминалот, знаете зошто нема вистинска борба против криминалот, па зошто криминалци владеат со земјата.

Тргнете ги на страна оние политизирани случаи каде таргет е ВМРО-ДПМНЕ, па тие една акција немаат за сузбивање на криминал, сте виделе ли некој откриен поголем контигент на дрога, на шверц на цигари освен ако го изоставиме оној нивен градоначалник од Ново Село кого го наградија со слобода поради тоа што шверцувал.

Сте виделе ли некоја рација против организирана криминална група, па нема такви. Дел од полицијата соработува со криминалци. Во Скопје се случуваат убиства на улици среде центар на градот и никој не одговара за тоа. Криминалот е метастазиран до највисоко ниво. Го укинаа советот за јавни набавки за да во 4 очи делат тендери. Упатените велат, не може друг да добие тендер освен оние што се на власт.

КУРИР: Овие денови темата со загадениот воздух е актуелна, Владата вели дека има стратегија, вие пред неколку дена и напишавте статус на оваа тема, мислите ли дека најновите мерки ќе дадат резултат за почист воздух?

МИЦКОСКИ: Темата со воздухот е запоставена во јавноста, а токму таа е многу значајна, бидејќи граѓаните ги чини здравје. Токму во оваа сфера Владата доживува вистинско фијаско, а ветуваа чист воздух, а воздухот не само што е подобрен туку станува неподносливо загаден.

Алармот треба да се вклучи до максимум, луѓе умираат поради неспособноста на властите да спроведат концепт кој ќе даде резултати. И веднаш ќе ви кажам мерката на Владата за возење според категоризација на возилата според еуро стандардот е парцијална и не доволно ефективна. Освен тоа што нема да има видливо подобрување, таа е и дискриминаторска спрема граѓаните.

Практично Владата не можејќи да го реши проблемот со воздухот со суштински мерки превзема парцијални дисктримнаторски мерки каде ќе овозможи да користат автомобил само богатите, бидејќи тие всушност возат и подобри автомобили кои ги исполнуваат еколошките стандарди. Значи Владата ќе ги казни посиромашните за сметка на побогатите, а воздухот ве убедувам дека нема да стане драстично почист. Најефикасното решение за почист воздух е итна гасификаија, каде за жал владата со ребалансот на буџетот крати средтва.

Значи луѓе се гушат во смог, Владата за сметка на посиромашните ќе овозможи да возат побогатите, а гасификација нема затоа што ги кратат средствата за да има повеќе пари за други сомнителни тендери во 4 очи. И додека ова се прави, на пример скопскиот градоначалник Шилегов се занимава со проект на преиминување на катни гаражи кои ги изгради неговиот претходник и каде во центарот на Скопје ќе крсти катна гаража „Белградска Конфекција Беко“. Тоа е тажната реалност денес.

КУРИР: Велат дека следи даночна реформа, прогресивниот данок бил да ја зацврстат финансиски државата?

МИЦКОСКИ: Тоа не е реформа. Тоа е крадење од народот.

Пластично тоа значи дека ќе бркнат во џебот на граѓанинот за да стават повеќе во државната каса, а притоа не произведуваат додадена вредност поради која ќе го оправдаат тоа зголемување на даноци. Се сеќавам кога беше владата на ВМРО-ДПМНЕ кога имаше идеја за оданочување на хонорарите, и тогаш се наиде на силен отпор на уметници, режисери, оние кои произведуваат интелектуален труд и така заработуваат за семејствата. Ние од таа идеја се откажавме. Сега не само што владата планира оданочување на хонорарите, туку и кириите, банкарските депозити, платите.

Знаете има катастрофална лоша економска слика, има криминал кој цвета, се краде на ангро, Владата прави криминални иновации, крвави тендери кои завршуваат во приватни џебови и се тоа тоа треба да се плати, и тие сакаат да го наплатат од џебот на граѓаните. Повисоките даноци нема да ги зголемат приходите туку ќе го отповарат стопанството, ќе има можно зголемување на цени, а воедно се праќа негативна порака и до стопанствениците и инвеститорите. Ова ли е животот кој го ветуваа. Нема 500 евра плата ама има повисоки даноци, животот станува прескап. Владата не создава вредност во општеството, нема капитални инвестиции.

Земаат пари од граѓаните за да се луксузираат. Нели викаа парите кај граѓаните. Сега што гледаме, гледаме дека наместо да даваат земаат од граѓаните, земаат од бензините, земаат од цените кои растат заради растот на бензините, земаат од платите, земаат од даноците, а што прават и за што земаат, земаат за да трошат за цвекиња, за нови џипови во кои се возат,за тендери, за роднини… Ова е грабеж, нема друг збор.

Плус тоа што е контрапродуктивна, оваа политика со даноците е неука. Ако еден ИТ инжинер, или уметник, или автор, или советник од 25, 35 години има плата од 1500 евра, а живее под кирија, богат ли е тој? А ако некој како господата од Владата, премиерот, потпретседателите, министри земаат 1500 евра и имаат 4 или 5 стана, Масерати, викендици, и што ли уште не тие не биле богати? Едноставно со оваа мерка на Владата ќе се развие сивата економија и дополнително млади ќе си заминуваат од земјата.

Не исклучувам и протесни маршови доколку оцениме дека тоа ќе помогне да не се донесе, а она што можам да го ветам е дека на прва седница откако ќе ја добиеме довербата од граѓаните ќе ги укинам повисоките даноци.

КУРИР: Да се вратиме на политиката, од СДСМ постојано велат дека со своите политики одите кон истокот, вие велите дека ваш стратешки интерес е ЕУ, која е вистината?

МИЦКОСКИ: Измислиците околу онаа смешна кованица антизападен треба да им го покрие срамот со продажбата на името и она што го прават во Македонија. Јас и Заев, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сме прозападно ориентирани и целта не ми е да навлегувам кој суштински ги практицира европските вредности, тоа е тема за друга анализа, но она што сакам да го потенцирам е дека ние се разликуваме што Заев е за Северна Македонија со сменет идентитет и одземено достоинство, а јас сум за Република Македонија со зачуван идентитет и достоинство.

Затоа сите тие напади против мене треба да се „ДИМНА ЗАВЕСА“ од која нема да се види вистинската слика. Погледнете додека тие лажат дека сум бил антизападен, да ме престават изолира и слично, тие го продаваат името, ама тоа му доаѓа како она во рекламите, купите два сока, третиот доаѓа гратис. Па не само што го продаваат името, идентитетот, па и одлуките на АНСОМ ги бришат, а го воведуваат рамовниот договор.

Тука не е прашањето дали јас сум антизападен или не, јас Русија само на карта сум ја видел, прашањето е што Заев го продава името на шверцерски начин.

КУРИР: Имате ли план за унапредување на меѓународните односи?

МИЦКОСКИ: Апсолутно да, планирам и други меѓународни посети и средби. Ќе формираме и посебен тим, посебно надпартиско тело за меѓународна соработка составено од лица кои имаат кредибилитет и искуство во меѓународните односи и со кои заеднички ќе ги зацврснуваме пријателствата со меѓународните партнери.

КУРИР: И на крај да ве запрашаме за одлуката на судот за затвор на Груевски, рековте дека е политички монтирана, на што се должи ова тврдење?

МИЦКОСКИ: Политички монтиран е случајот затоа што човекот е невин, и одговара за случај каде нема финансиска штета, а доброто, автомобилот го користи Владата. Па нели велеа ќе го продале, ќе ги искористеле парите, арно ама гледам некако им користи. И јас не можам да одобрам политичка хајка испорачана од заробеното „Кацарска судство“.

Погледнете каква хајка се случува во последниве неколку дена, колку оркестирирани од власта нарачки излегуваат во дел од медиумите, невистини шпекулации, нечовечко ликување кое треба да го потхрани егото на неколкумина од власта, жедни за спектакли кои треба да ги покријат останатите прашања. Па ќе нарачаат текстови за тоа како го виделе автомобилот на Груевски пред Шутка, па тргнал или не тргнал, па започнаа да вмешуваат делови од приватниот живот, едноставно тоа се претвори во тема со која се изживува власта за да се покрие нивната неспособност на сите други теми и области.

Јас сум човек кој верува во Бога и знам дека сега се чуствуваат силни, можеби туѓото страдање ги чини задоволни, но треба да знаат дека тоа што оставаат зад себе, ќе дојде ден кога ќе го најдат пред себе. Во Македонија мора еднаш да започне да функционира правото и правната држава и ние ќе се избориме за тоа. Ќе го ослободиме судството, ќе обезбедиме граѓанинот да се чуствува сигурен и заштитен, а за сите неправди, кршења на законот ќе има санкции.

https://kurir.mk

Најново од: На прво место

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

Сиљановска-Давкова до фон дер Лајен: Македонија да напредува според европските критериуми, без билатерални блокади

Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред Копенхашките критериуми Македонија заслужува напредок според реформите и подготвеноста за членство. Фон дер Лајен оценила дека досегашните реформи се импресивни и порачала дека местото на Македонија е во Европската Унија. Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон […]

Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Реформите треба да носат напредок, без нови билатерални условувања

Македонија очекува фер и предвидлив европски процес, со јасни правила и поголема вклученост на Европската Унија во надминувањето на пречките на патот кон членството. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одржал средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Според неговата изјава, на средбата отворено разговарале за европската иднина на Македонија, реформскиот […]

Од Заевото „живи луѓе ќе јадеме“ до Филипчевото „ќе ги згазам како шлепер жаба“

Се повторува една лоша појава: политичката решителност да се покажува со речник на заплашување. Иако Заев тогаш се бранеше дека неговите зборови биле извадени од контекст, споредбата се наметнува поради самите употребени изјави. Филипче имаше можност да покаже поинаков начин на водење на СДС — со аргументи, самокритика и отворена расправа. Наместо тоа, со ваквиот […]

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Од сонот на ВМРО-СДРМА до политиката на Мицкоски: Македонија со силен американски сојузник

Она што младите македонски патриоти го барале во текот на летото 1947 година како американско покровителство, денес добива современ израз преку продлабочување на стратешкото партнерство со САД. Целта останува силна, самостојна и достоинствена Македонија. Постојат идеи што времето не ги брише. Се менуваат околностите, државните уредувања и средствата на политичката борба, но останува стремежот Македонија […]

Филипче и СДС: За развојот се против, а за отстапките кон Софија се подготвени

Македонија заслужува опозиција што нуди решенија за подобар живот и бара гаранции за државните интереси. Европската иднина не смее да биде алиби за бескрајни отстапки. Венко Филипче сè повеќе остава впечаток дека политиката ја свел на една задача: да биде против власта, дури и кога е потребна сериозна расправа за инвестициите, индустријата и економскиот развој […]

Не го барам Самуил за себе — барам Преспа да не исчезне од неговата историја

Преземено од: Фејсбук-објава на Vasilopoulos Stratos од Воден По повод договорот меѓу министерствата за култура на Грција и Бугарија за размена на посмртните останки што му се припишуваат на Самуил со украдените скапоцености од манастирот Икосифиниса, сакам да ги искажам своите мисли и чувства. Скапоценостите биле украдени, додека посмртните останки биле откриени при законски археолошки […]

Најнови вести

To top