На прво место

СДСМ ќе замине во историјата, а оваа Влада ќе биде прогласена за убедливо најнеспособна

Игор Јанушев: Кај граѓаните чувствуваме дека СДСМ ќе замине во историјата, а оваа Влада ќе биде прогласена за убедливо најнеспособна

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев во интервју за КУРИР одговара на актуелните прашања поврзани со судските процеси на поранешните и сегашни сопартијци, претресите кои му беа вршени, како и за резултатите од најновата анкета на МЦМС.

Јанушев се осврнува и на економските теми, за владините задолжувања, но и за она што како партија ќе им го понудат на граѓаните за подобра иднина.

Судските процеси против Вашите сегашни, поранешни сопартијци станаа секојдневие. Како партија имате став дека власта спроведува политички прогон. Каков епилог очекувате?

Јанушев: Откако почнаа овие процеси, комуницираме со јавноста и процесите ги сметаме за политички прогон. Сите овие тези кои последните месеци ги слушнавме од премиерот Заев одат во таа насока, особено онаа негова изјава и процесите кои сакаат да ги отпочнат во Собранието, а се однесуваат на помирување, само докажуваат дека станува збор за политички прогон.

Зошто би имало помирување, доколу овие процеси не се монтирани, доколку овие процеси немаат за цел политички прогон на поранешните и сегашни носители на позиции во ВМРО-ДПМНЕ. Очекувам „Кацарска судството“ полека да почне да се отпушта од стегите на Заев и на власта, очекувам во некоја догледна иднина владеење на правото и правната држабва, бидејќи еден од сегментите кои тие ги ветуваа беа реформи во судството со цел, како што велеа, владеење на правото. Очекувам ова да престане под итно и да се престане со нарушувањето на демократијата и демократските процеси и најмногу од се очекувам да се дозволи опозицијата да функционира онака како што и опозициската мисла да се развива онака како што треба во едно демократско општество.

Вашето возило исто беше претресувано. Дали според Вас тоа беше реална потрага по екс премиерот Никола Груевски или тоа го гледате како начин на политички притисок кон вас и вашата партија?

Јанушев: Најмал проблем е тоа што јас бев легитимиран и тоа што моето возило беше претресувано. Целиот проблем лежи во тоа што власта, пред се Заев и Оливер Спасовски веројатно знаеја каде е Груевски, знаеја што се случува, а одбраа да го прават тој циркуз токму пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ со една полициска опсада, каде медиумите беа известени. Не само јас, десетици други луѓе беа запирани, претресувани и легитимирани, а за тоа време Груевски не ни бил во државата. Да кажеме дека сето тоа се правело без некоја причина или знаење е надвор од здравиот разум. Мислам дека вистинското прашање лежи токму кај Заев и Спасовски и тие се оние кои треба да одговорат зошто дозволија да се случи такво нешто.

Дали го гледате ова како лична закана, бидејќи сепак имате функција, вие сте генерален секретар.

Јанушев: Тоа што го гледам како лична закана, барем во овој момент не претставува проблем. Поголем проблем претставува што преку полицијата диригирана од Спасовски и Заев се правеше опсада на политички субјект.

Последните анкети на МЦМС покажуваат придвижување на ВМРО-ДПМНЕ кај македонското население и разлика од 5 проценти. Дали ве охрабруваат овие бројки?

Јанушев: Кога станува збор за мерењето на рејтинзите и анкетите, не толку далеку, голем дел од луѓето кои се занимаваат со оваа проблематика прогнозираа дека референдумот ќе биде успешен, дека ќе излезат огромна бројка на луѓе. Во овој момент анкетите и бројките не ни значат ништо.

Ни значи тоа што го гледаме кај граѓаните на Република Македонија бидејќи секојдневно сме со народот. Се чувствува атмосферата дека СДСМ тоне и не работи ништо, владата предводена од Заев буквално нема ништо направе но и тоа се гледа кај луѓето. Се гледа кај обичниот народ, кај бизнисмените, во администрацијата, буквално секаде. Од тоа што можеме да го почувствуваме од граѓаните е дека СДСМ тоне и ќе замине во историјата, а оваа Влада ќе биде прогласена за убедливо најнеспособната влада што некогаш Македонија ја имала.

Премиерот Заев најави национално помирување, вие како партија испративте предлог до Собранието за тоа, но тој експресно беше одбиен. Тие најавуваат дека исто ќе имаат предлог, но дека ќе оди преку новоформираното тело за помирување во Собранието. Во кој правец ќе се движи овој процес, возможно ли е да дојде до национално помирување?

Јанушев: Во самиот старт кога Заев најави дека ќе се формира такво тело, само даде дополнителна потврда дека ВМРО-ДПМНЕ и сегашните и поранешни партиски функционери се под политички прогон. Зошто поинаку би имало помирување доколку имаме владеење на правото и правната држава и доколку судските постапки и обвиненија се во склад на правото и Уставот на државата.

Од друга страна, се досега што кажа излажа, ВМРО-ДПМНЕ не веруваше дека има искрена намера и дека навистина нешто ќе се случува во однос на најавената постапка за помирување. Токму затоа и го предложивме законот кој се однесуваше за настаните од 27 април да им дадеме шанса да докажат на дело дека тоа што го најавија е вистинито и дека навистина имаат намера да овозможат еден процен на помирување. Како партија повеќе пати кажавме дека во ова тело нема да учествуваме, меѓутоа доколку видиме дека навистина има искрена намера да се направи нешто во процесот на помирување слободно нека го предложат тоа и доколу видиме дека е сериозно и е во насока на вистинско помирување со овозможување на владеење на правото и законите во оваа држава, како партија ќе го поддржиме. Помина речиси еден месец, такво нешто немаме видено и не верувам дека ќе излезат со сериозен и искрен предлог.

Во интервјуто Јанушев одговара и на прашања поврзани со предлог буџетот за 2019 година, задолжувањата кои ги прави владата, плановите и програмата кои ќе им ја понудат на граѓани за подобро утре, како и за претседателските избори кои треба да се одржат напролет.

Курир

Најново од: На прво место

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

To top