На прво место

Раскол во СДСМ, ножевите се веќе извадени

Арсим Зеколи најавува внатрепартиска борба во СДСМ помеѓу заевистите и радомилите

Аналитичарот Арсим Зеколи во својата последна колумна за Дојче веле најавува раскол во владејачката СДСМ, каде што, како што вели, ножевите се веќе извадени.

Според него, конфликтот е помеѓу заевистите и радомилите, односно структури блиски на Заев од едната и структури блиски до Шеќеринска од другата страна. Иако провладините медиуми во последните месеци сакаат да ја дефокусираат јавноста со наводниот раскол во ВМРО-ДПМНЕ, скриениот конфликт во СДСМ е многу поопасен од проблемите кои ги има опозицијата.

Според Зеколи, доколку СДСМ до следните парламентарни избори не испорача реални промени, ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го искористи и ќе победи.

„Во секој случај, извесно е дека ножевите се веќе извадени на Бихаќка, проследени со повици дека „Македонија е уморна од лидери”. Неминовно ќе следи конгресната „Осма седница”, на која ќе се решава дали партијата ќе остане во рацете на „лидерот” или пак ќе биде преземена од конзилиум на „проверени искусни кадри”. Но, доколку мислите дека станува збор за обична партиократска пресметка на заевисти и радомили како втор акт на драмолетката „Бранко е крив”, тогаш сте во заблуда. Бидејќи, како што судирот на младата скопска социјал-демократија со Глигорие Гоговски го најави крајот на комунистичкиот бедем на самоуправување, така и тековниот судир во СДСМ е рефлексија на долго одложуваниот судир помеѓу стариот концепт на скопската социјалдемократија со целосно изменетата Македонија. Судир во кој, евидентно, веќе нема ниту место ниту причина за изговорно „збивање редови” во одбрана и за уривање на груевизмот.

Тој судир кој ќе ескалира во месеците пред нас ќе ја дефинира шизмата помеѓу популизмот на Заев и јапизмот на Шеќеринска. Навидум, во таа поделба на улогите, етикетирањето на заевизмот со популизам подвлекува негативистичка аура на антимодернизам. И така и би било, доколку негативноста на популизмот не беше парирана од статичкиот, статус-кво елитизам на јапизмот на Шеќеринска, персонифициран низ суријата излитени и презрени киднапери на смислата на прогресивизмот и авангардната мисла. Поедноставено, елитизмот на Шеќеринска ја ублажува негативната конотација на популизмот на Заев и истиот го прави попривлечен и поподатен за поддршка од страна не само на гласачите, туку и добар дел од меѓународната заедница.

Херметичната затвореност до работ на целосна аутистичност, потпомогната од истрошената медиска камарила и веќе презрените вештачки билдања на рејтинзи и вулгарен јавен дискурс го имаат доведено Јапизмот на скопската социјалдемократија на работ на баналност и изложено на јавен потсмев. Кариер-персоналната логика на „промена – тоа сум Јас” е Дамокловиот меч кој екслузивно настроената скопска социјалдемократија ја држи над сопствената глава. Со опасност да мечот премине во рацете на добар дел од младите кои ионака оценуваат дека полесно ќе се пробијат преку грбот на поприемчивиот за промени Заев и низ слоганот „промена – тоа сме Ние”. Но во таа поделба на улогите, едно е сосема извесно. Доколку реалните промени не бидат испорачани од страна на СДСМ, тоа секако ќе биде искористено од постгруевистичкото водство на ВМРО-ДПМНЕ. На првите следни избори, пишува аналитичарот Арсим Зеколи.

https://www.svest.mk/arsim-zekoli-najavuva-vnatrepartiska-borba-vo-sdsm-pomegu-zaevistite-i-radomilite/?fbclid=IwAR1r-zjR3AHPZca_CRveyA55azbuK_dV9-2sp9at1sv6IozMHbX7fdH-rF0

Најново од: На прво место

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

To top