ВМРО-ДПМНЕ излегува на улица, да го поразиме црното владеење на Заев
Да го направиме последниот напор и да останеме заедно, зад АМАНЕТОТ, зад ИДЕАЛОТ, за неа, за Македонија!
Социјалдемократите се здружија со ѓаволот само за да дојдат на власт и со помош на 8 продадени души – пратеници, сакаат да го уништат македонскиот народ и неговата држава.
Вистинскиот ВМРО-вец не трпи уцена, вистинскиот ВМРО-вец знае како да добива и како да губи, знае да падне, за да мора потоа да се исправи, погорд и посилен од порано.
Драги мои ВМРО-вци, не дозволувајте нашиот идеал да се сруши.Зарем Македонија го заслужува тоа?
Секој Македонец треба да се чувствува ВМРО и да ја спроведува идеологијата на четирите букви.
Да излеземе на првиот протестен марш кој ќе се одржи во среда на 28 ноември во 17.00 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ до Владата на Република Македонија
Протестот ќе продолжи и во други градови во Македонија, чекор по чекор ќе се отргнеме од ова зло.