На прво место

Вие сте донесени само за едно, вие сте власт само за една црна намена!

Стоилковски:Просто е, нема ЕУ со криминогени ликови во власта!

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Доколку Република Македонија не добие препорака од ЕУ, што е многу веројатно, тоа ќе биде по вина само и само на Зоран Заев и неговиот картел. Препораката виси заради тендерите, непотизмот, антиреформите, Кацарска судството, политичкиот прогон, а не заради администрацијата како што обвинува Дамјан Манчевски.

Почитувани со здравје да си ги трошите 500 евра просечна плата, најголемата црна лага на оваа власт! И притоа, виновни сте за оваа црна власт!

Дамјан Манчевски министерот за партизација на администрацијата, кој откако Заев ја натрупа администрацијата со се’ непотребно и некадарно партиско внатре, сега се заканува, и признава, дека нема 500 евра плата! Нема 500 евра плата освен ако не сте од оние напикани во М-НАВ или другите партиски агенции. Нема 500 евра плата и виновни сте за Кацарска судството, за партизацијата, за црното здравство, за се’, за немањето еден реформски зафат на оваа криминогена црна власт!

Манчевски со сета памет и убавина порача дека ако нема ЕУ преговори нема ниту плата! Аирлија! Значи плата нема да се даде заради синови, ќерки, мајки, сестри, внуци, зетовци, како роднини на Костадинов, Кирацовски, Николовски, партиски професори, градоначалници, локални сдсм-ски моќници. Манчевски со сета памет вчера порача – вие сте виновни што оваа влада е нереформска!

Манчевски, благодарам на признанието, ама доцна е за тоа.

Какво ЕУ, каква црна плата, какви лаги уште терате?

И сметате дека некој уште ви верува? Секому му е јасно дека нема ЕУ со вакво црно Кацарска судство, нема ЕУ со аболициран премиер и криминогени вице-тендер-премиери, со вакво црно тендер здравство, образование, локална власт, култура… Просто е, нема ЕУ со криминогени ликови во власта! И тоа е реалноста.

Не сте кадарни ниту едно ветување да исполните, освен радиодифузната-такса!

Вие сте донесени само за едно, вие сте власт само за една црна намена!

Повеќе и не се очекува, ниту пак можете!

Падот ви е започнат е тресокот ќе биде многу гласен и многу болен!

Доколку Македонија е добие препорака Заев и неговата криминогена банда мора итно да поднесат оставки, а не да ја казнуваат администрацијата.

Најново од: На прво место

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

To top