На прво место

Со протестен марш да се спротиставиме против црнилата на СДСМ и Владата на Заев

Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Јанушев: Со протестен марш да се спротиставиме против црнилата на СДСМ и Владата на Заев

Македонските граѓани го живеат најцрното владеење, најцрното владеење на најнеспособната влада во историјата на Македонија.

Од периодот што измина единствено може да се заклучи дека оваа неспособна влада не испорачува резултати и води штетни политики за државата и за интересите на граѓаните.

За година и половина власт нема ниту еден капитален проект со кој може да се пофалат, но затоа има криминални тендери, корупција, сомнежи за тешки проневери и изневерени очекувања.

Во една ваква една ситуација, не е само наше право, туку пред се е наша обврска да се спротивставиме на овие црнила.

Токму затоа денес ќе се протестира. Протестен марш против црнилата на СДСМ и Владата на Заев.

  • Протестен марш против разнебитувањето на македонската држава и македонскиот народ.
  • Поради промената на името која влада ја турка и срамниот договор.
  • Поради идентитетот кој го деградираат и загрозуваат.
  • Поради срамот кој го нанесуваат и достоинството на државата кое сакаат да го одземат.
  • Поради поништувањето на волјата на граѓаните изразена на референдум.

Но исто така ќе протестираме и против политичките, економските и општествените црнила.

  • Прво, поради неправдите кои ги трпи обичниот граѓанин.
  • Поради корумпираниот систем кој не овозможува правда на обесправените.
  • Поради политичкиот прогон кој власта го спроведува.
  • Политичките апсења и монтираните случаи.
  • Поради селективната правда која е неправда.
  • Стотиците криминалци кои се пуштени на слобода и амнестирани.
  • Како и неразјаснетите убиства. Како убиството на Саздо и несигурноста на улиците.
  • Поради неказнетиот криминал.
  • Сите етикетирања и загрозени слободи.
  • Ова е протест и поради загрозената слобода на медиумите и медиумските работници.

Второ, поради сиромаштијата која расте, и даноците кои се зголемуваат, а џебот на граѓанинот е се попразен.

  • Поради покачената акциза на бензините. Бизнисот кој се уназадува, платите кои се намалуваат, скапиот и суров живот.
  • Поради невработеноста и недостатокот на инвестиции. Поради немањето на економски раст.
  • Поради земјоделието кое урнисано, против немањето на капитални инвестиции и немањето на проекти. Поради задолжувањето, и мегаломанскиот буџет чии пари не се гледаат ниту чувствуваат затоа што се крадат.

Трето, пред се поради загрозеното здравје на граѓаните.

  • Поради загадувањето кое е тивок убиец во оваа земја со над 1.000 загубени животи секоја година.
  • Пасивноста на власта и дефокусирањето со деградирачки закони како оној за бележење на возилата со етикети кои прават класна сегрегација, на оние кои имаат и возат нови автомобили и сите останати кои не може да си го дозволат тоа.
  • Поради здравството кое се распаѓа, недостатокот на лекови.
  • Хаосот и не квалитетот во образованието.
  • Поради деградирачкиот однос кон младите и студентите и сите неостварени и лажни ветувања на владата на Заев и СДСМ.

Затоа секој еден кој се пронаоѓа во една од овие причини го повикуваме да ни се приклучи на протесниот марш кој започнува од Плоштадот „ВМРО“ до пред владата на Република Македонија денес со почеток во 17 часот.

Ја даваме раката, затоа што сите граѓани делат исти маки и проблеми, сите граѓани од сите националности и вери.

И нема да застанеме тука, ќе продолжиме со протесните маршеви и собири во наредниот период во Скопје, но и во останатите градови од нашата држава. Ќе продолжиме се до конечната победа. Народот е со нас, и оние кои ќе дојдат, но и оние кои поради притисоци, закани и уцени нема да се приклучат, но силно не поддржуваат бидејќи знаат дека ова црно владеење ја уништува нашата држава. Чекор по чекор, ние ќе истраеме и успееме. Затоа што целта ни е Македонија, македонските граѓани и нивната иднина.

Најново од: На прво место

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

To top