На прво место

ЈА ГУБИ ЛИ ЗАЕВ ПОДДРШКАТА ОД АМЕРИКАНЦИТЕ

mail

mail

ЈА ГУБИ ЛИ ЗАЕВ ПОДДРШКАТА ОД АМЕРИКАНЦИТЕ: Кога американските компании се бунат за даночните политики, работата не е на арно

Откако директорката на УЈП, Лукаревска од Штип даде изјава дека оваа установа е спремна за прогресивното даночење експресно со реакција излезезе Американската комора во Македонија.

Имено, во својата реакција тие потенцираат: Остро сме против непочитувањето на процесот на јавна консултација од страна на Владата и Министерството за Финансии во однос на Предлог-Законот за личен доход објавен на 3ти ноември преку Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија (ЕНЕР) без притоа да се испочитува рокот за забелешки и коментари кој завршува на 28ми ноември.

Ако се има предвид дека оваа комора до сега беше во тесна соработка и покровителство на сега веќе амбасадорот во заминување Џес Бејли, кој пак важеше за поддржувач на политиките на Заев, може да се заклучи дека критичната нота е се погласна.

Не е случајно што покрај Македoнската Стопанска Комора, бизнис заедницата и голем број на даночни и економски експерти со ракција се јавува и токму Американската Комора, која под своја закрила има голем број компании кои се одлучија да инвестираат во Македонија во врема на претходната власт.

Токму овие компании, а особено ИТ компаниите ќе подложат на првиот удар за оданочување, а ќе ги обесхрабри да растат и прогресивно да ги зголемуваат платите на своите вработени. Со тоа, Македонија ќе ја намали својата атрактивност во однос на потенцијални нови инвестиции, а воедно и ќе го стагнира развојот на капацитете на веќе посточките странски инвестиции.

Оттука и реакцијата на Американската комора мора да се сфати сериозно, пред се затоа што конкретно посочува дека актуелната власт нема слух за потребите и проблемите на граѓаните и стопанството, а констатира и голем број пропусти и арогантност во однос на постапката.

Ако се знае од каде доаѓаше најголемата поддршка на Заев за неговото доаѓање на власт и спроведување на одредни агенди, овие реакции мора сериозно да се земат во предвид.

Значи ли ова дека Заев полека но сигурно ја губи поддршката од Американците?

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top