На прво место

Ова е најнеуспешната влада која што во историјата на Македонија сме ја имале

Јанушев: Ова е најнеуспешната влада која што во историјата на Македонија сме ја имале

Покрај најгорливото прашање што го прават, а тоа е на сила да го завршат процесот за уставни измени против волјата на народот и покрај неуспешниот референдум, исто така во секое друго поле имаме поразителни резултати.

Дали е тоа економијата, дали е тоа здравството, образованието, земјоделието, нема тема каде што можеме да кажеме дека се успешни, изјави во емисијата „200“ на Алсат М телевизија, Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Јанушев потенцираше дека откако е СДСМ на власт не само што имаме зголемено задолжување, туку и задолжувањето бележи рекорди како никогаш досега, исто дека има и помалку од 30% на реализација на капиталните инвестиции, и додава дека толку се некадарни и неспособни дури и проектите кои што беа започнати од претходната влада не успеваат да ги реализираат.

– Пред две години, на почетокот на мандатот една од работите што Заев успеа да ги излаже е дека Фејсбук и Гугл биле на вратите, ама сега од тоа се што направи е да вработи стотина луѓе во владата кои по цел ден седат на Фејсбук и гуглаат на Гугл, ако мислеше на тоа, тогаш реализирано му е ветувањето.

Токму затоа истакна дека протестите кои што ВМРО-ДПМНЕ ги започна од минатата среда, продолжуваат и оваа среда, ќе продолжат и за време на викендот, се протести буквално против овие црнила кои што оваа неспособна влада ги наметнува и очекуваат поддршката од граѓаните на овие протести само да се зголемува, бидејќи граѓаните секојдневно ги чувствуваат последиците од црнилата кои ги создава владата на СДСМ.

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

Македонското знаме е симбол на државноста, суверенитетот и независноста на Република Македонија, а секое негово сквернавење треба да биде санкционирано согласно законските прописи. На 27 ноември 2026 година во ОВР Гостивар било пријавено отстранување на македонското државно знаме, поставено од Општина Гостивар на улицата „Илинденска“. На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како две […]

Сребро за Софија Станковска на меѓународниот боксерски турнир во Загреб

Македонската боксерка со борбеност, карактер и одличен настап повторно ја израдува македонската спортска јавност. Македонската боксерка Софија Станковска со нејзиниот трењер Кристијан-Кице Мојсовски Македонската боксерка Софија Станковска, членка на БК „Аперкат“, освои сребрен медал на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“, потврдувајќи го својот талент и потенцијал. По одличната победа со едногласна одлука на судиите […]

Свети апостол и евангелист Матеј

На овој ден именден празнуваат Матеј, Матеја и Матко. На 29 ноември Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на Свети апостол и евангелист Матеј, еден од дванаесетте Христови апостоли и автор на првото Евангелие во Новиот завет, според црковното предание. Свети Матеј, познат и под името Левиј, бил син на Алфеј. Пред […]

Скопје ќе блесне во новогодишно руво

Скопјани ќе имаат единствена голема новогодишна прослава на градскиот плоштад, главниот град ќе биде украсен во периодот од 10 до 15 декември, а паралелно продолжува реализацијата на значајните инфраструктурни проекти. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на телевизија Сител, ги најави плановите за новогодишното украсување на главниот град и […]

Филипче и СДС – како ловџија со празна пушка

Она што Владата предводена од Христијан Мицкоски го реализираше или го започна за две и пол години, Филипче треба да го спореди со резултатите од седумгодишното владеење на СДС и да објасни како би го реализирал во наредните дваесет и пет години. Политичката одговорност не се избегнува со постојано критикување на актуелната власт, туку со […]

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

Започнуваат Божикните пости – духовна подготовка и македонска народна традиција

На 28 ноември започнуваат четириесетдневните Божикни пости, кои траат до Бадник, 6 јануари, во пресрет на еден од најголемите христијански празници – Рождеството Христово, Божик. Божикниот пост претставува период на духовно прочистување, молитва, покајание, милосрдие, простување и подготовка за достоинствено празнување на Христовото раѓање. Божикните пости во македонската народна традиција Почетокот на Божикните пости има […]

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

To top