На прво место

ОМД: Кога неправдата станува закон, отпорот станува должност!

omd

OMDОМД: Кога неправдата станува закон, отпорот станува должност!

Обединета Македонска Дијаспора (ОМД) ги осудува континуираните предавнички и антидржавни активности на пратениците од Социјал Демократксиот Сојуз на Македонија (СДСМ) и останатите пратеници кои ги подржуваат амандманите за промена на името на Република Македонија.

ОМД смета дека нацрт амандманите од Уставот, изгласани во македонското Собрание со целосна исклученост на академијата, јавноста и експертската фела, се засрамувачки чин за земја со државотворен караткер, демократско уредување и про-западни аспирации.

Со 67 гласа „за“, 23 гласа „против“ и 4 „воздржани“, Собранието го изгласа првиот нацрт амандман за промена на името на Република Македонија во Република Северна Македонија. Иако важат за народни избраници со мандат да ги бранат државните интереси, мнозинство од пратениците во законодавниот дом се воздржаа од дебата како основен знак на дефицитарна демократија и отсуство на слободата на говор.

Експресно, без долги разговори и реплики, Собранието го изгласа и вториот нацрт амандман со кој се предвидува замена на одлуките на АСНОМ со Прогласот од Првото заседание на АСНОМ и Охридскиот рамковен договор во Преамбулата на Уставот. Вториот нацрт амандман за кој гласаа 65 пратеници „за“, 18 „против“ и 8 останаа „воздржани“, ОМД смета дека е преседан во уставното право со кој Македонија се откажува од својата сопствена историја.

Со баланс од 64 гласови „за“, 14 „против“ и 2 „воздржани“, Собранието го изгласа и третиот амандман со кој Република Северна Македонија се обврзува да го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави. Земено во предвид дека Македонија никогаш немала територијални претензии кон било која држава од соседството и пошироко, ОМД смета дека станува збор за проформа зад која се крие штетна содржина по националните интереси на Република Македонија, доминантно во интерес на Грција и Бугарија.

ОМД смета дека четвртиот нацрт амандман, под параван за грижа за македонскиот народ во соседните држави и унапредување на неговите врски со татковината, всушност ги негира и деградира правата на македонското национално малцинство загарантирани со член 49 од Уставот. Како последен на дневниот ред од парламентарната расправа, четвртиот нацрт амандман беше изгласан со мнозинство од 66 пратеници „за“, 7 пратеници „против“ и 3 пратеници „воздржани“.

Со цел оневозможување на уставните промени, ОМД ги повикува сите општествени граѓани да се вклучат во јавната расправа предвидена по завршувањето на втората фаза, како и да пружат силен демократски отпор за зачувување на континуитетот и интегритетот на Република Македонија. ОМД воедно ги прозива народните избраници да останат доследни до одбрана на националните интереси со глас „против“ уставните промени, што е нивна основна должност кон државата и народот кој ги избрал, со цел оспорување на двотретинско мнозинство неопходно за промена на Уставот во третата фаза од процесот. Историјата е немилосрдна кон тие што ги предаваат националните интереси.

Кога неправдата станува закон, отпорот станува должност!

Најново од: На прво место

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

To top