На прво место

Министерот за прогон и тортура Оливер Спасовски и СДСМ ја злоупотребуваат полицијата

Ќе се бара одговорност и од нарачателите и од извршителите кои изготвувале фингирани службени белешки за спроведување политичка тортура

Соопштение до јавноста, реакција на демантот на Министерството за внатрешни работи

Министерот за прогон и тортура Оливер Спасовски и СДСМ ја злоупотребуваат полицијата за притисок и влевање на страв кај политичките неистомисленици. Власта мисли дека на тој начин ќе ја раскрчмува државата без граѓаните да го кренат својот глас. СДСМ се лаже – Граѓаните се освестени и слободољубиви, притисокот со кој се закануваат дополнително мотивира!

МВР  е злоупотребено од мала структура на луѓе кои своите партиски интереси ги ставаат над државните. Власта ја деградира правната држава. Владеењето на правото стана мисловен поим во Македонија под власт  на СДСМ.

Македонија е единствена држава во Европа во која има политички прогон. Правосудните органи не функционираат по закон, туку по силата  на наредбите на челниците од власта.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи злоупотреба на институциите да стане пракса. Граѓаните сакаат  стабилна држава со институции кои се во нивна служба,  а не институции кои ќе ги прогонуваат за различен став. Злоупотребите мора да запрат.

Сите оние кои пишуваа и пишуваат фабрикувани службени белешки само за да помогнат во политичкиот прогон ќе бидат повикани на одговорност кога ќе се смени оваа однародена и криминогена власт. од нив ќе бидат побарани и имињата на нарачателите на фингираните белешки врз чија основа се реализира прогонот. 

Црнилото мора да го избришеме. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои се против оваа власт да ни се придружат на протестните маршови ширум државата, како и во недела на 09.12.2018 година во Кочани, но и во средата на 12.12.2018 година во Скопје.

Најново од: На прво место

31 година од атентатот врз Киро Глигоров – сведоштва и прашања што бараат одговор

На 3 октомври 1995 година, експлозија во центарот на Скопје го загрози животот на првиот претседател на независна Република Македонија. Нападот однесе два човечки живота. Триесет и една година подоцна, прашањата за неговите организатори и извршители остануваат без судски утврден одговор. На 3 октомври 1995 година, во 9:50 часот, на улицата „Македонија“, пред хотелот „Бристол“ […]

Сиљановска-Давкова до фон дер Лајен: Македонија да напредува според европските критериуми, без билатерални блокади

Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред Копенхашките критериуми Македонија заслужува напредок според реформите и подготвеноста за членство. Фон дер Лајен оценила дека досегашните реформи се импресивни и порачала дека местото на Македонија е во Европската Унија. Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, на денешната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон […]

Мицкоски по средбата со фон дер Лајен: Реформите треба да носат напредок, без нови билатерални условувања

Македонија очекува фер и предвидлив европски процес, со јасни правила и поголема вклученост на Европската Унија во надминувањето на пречките на патот кон членството. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, денеска одржал средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Според неговата изјава, на средбата отворено разговарале за европската иднина на Македонија, реформскиот […]

Од Заевото „живи луѓе ќе јадеме“ до Филипчевото „ќе ги згазам како шлепер жаба“

Се повторува една лоша појава: политичката решителност да се покажува со речник на заплашување. Иако Заев тогаш се бранеше дека неговите зборови биле извадени од контекст, споредбата се наметнува поради самите употребени изјави. Филипче имаше можност да покаже поинаков начин на водење на СДС — со аргументи, самокритика и отворена расправа. Наместо тоа, со ваквиот […]

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Од сонот на ВМРО-СДРМА до политиката на Мицкоски: Македонија со силен американски сојузник

Она што младите македонски патриоти го барале во текот на летото 1947 година како американско покровителство, денес добива современ израз преку продлабочување на стратешкото партнерство со САД. Целта останува силна, самостојна и достоинствена Македонија. Постојат идеи што времето не ги брише. Се менуваат околностите, државните уредувања и средствата на политичката борба, но останува стремежот Македонија […]

Филипче и СДС: За развојот се против, а за отстапките кон Софија се подготвени

Македонија заслужува опозиција што нуди решенија за подобар живот и бара гаранции за државните интереси. Европската иднина не смее да биде алиби за бескрајни отстапки. Венко Филипче сè повеќе остава впечаток дека политиката ја свел на една задача: да биде против власта, дури и кога е потребна сериозна расправа за инвестициите, индустријата и економскиот развој […]

Не го барам Самуил за себе — барам Преспа да не исчезне од неговата историја

Преземено од: Фејсбук-објава на Vasilopoulos Stratos од Воден По повод договорот меѓу министерствата за култура на Грција и Бугарија за размена на посмртните останки што му се припишуваат на Самуил со украдените скапоцености од манастирот Икосифиниса, сакам да ги искажам своите мисли и чувства. Скапоценостите биле украдени, додека посмртните останки биле откриени при законски археолошки […]

Најнови вести

To top