На прво место

Имаме неуспеси, црнила во секое поле, имаме нарачано судство и обвинителство

Мицкоски: Имаме неуспеси, црнила во секое поле, имаме нарачано судство и обвинителство, но тоа нема да не направи послаби, туку посилни

Денеска бев на отворањето на новиот штаб на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Бутел, каде имав средба со нашето членство, поддржувачи и симпатизери на партијата, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.

-ВМРО-ДПМНЕ Бутел покажува како се сака својата земја и како се пркоси на сите овие црнила кои се случуваат на нашата земја. Еден повозрасен граѓанин ми рече, знаеме дека ВМРО е под удар на нечесната и криминална власт, но во овие кризни времиња ВМРО било најсилно затоа што секогаш е со народот. И навистина е така, ВМРО-ДПМНЕ произлегува од народот и му припаѓа на народот и ниту еден смислен удар на оваа црна власт нема да не ослаби, ниту поколеба да ја браниме слободата, правдата и нашите вредности. И мора да се има предвид дека имаме нарачано судство, нарачано обвинителство. Но тоа нема да не направи послаби, туку посилни, а ве уверувам дека ВМРО е многу посилно од онаа вештачка слика која сакаат да ја креираат во јавноста и во нивните умови, затоа што пред се ВМРО е народот, напиша Мицкоски и додаде:

„Имаме неуспеси, црнила во секое поле. Дневно ќе ве бомбардираат со вести дека прават неверојатни реформи, неверојатни работи кои во реалноста никаде ги нема. Розевите очила се само во зборовите на владините спинери од министерството за пропаганда кое дебело го плаќаат, но црнилата кои ги имаме, сите ние ги живееме. Името кое го менуваат, повисоките даноци, лебот кој поскапува, бензините, субвенциите кои ги нема, пензиите кои се намалуваат… Црнилата се сите неуспеси на оваа влада. А што е неуспехот, тој се состои од сите ненаучени лекции од минатото. И затоа оваа лекција ја научивме сите, и нема да се повтори. Оваа криминална влада и овие црнила мора да се победат, а ВМРО ДПМНЕ е таа сила која ќе донесе промени“.

Најново од: На прво место

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

To top