На прво место

Македонија до 2020 ќе влезе во Православна Европа

Македонија до 2020 ќе влезе во Православна Европа

Македонија до 2020 година нема да влезе во ЕУ, туку ќе се најде во групата на “Православни земји” во која ќе припаднат и Грција, Бугарија, Србија, Романија, Босна и Херцеговина и Албанија. Ова предвидување на Американската известувачка агенција ЦИА, како и агенцијата Стратфор, од пред неколку години, деновиве повторно е актуализирано поради актуелните предизвици со кои се соочува ЕУ.
Имено, ЦИА, европскиот континент во блиска иднина го гледа сосема поинаку од оној денешниот. Според ЦИА, Европа ќе се подели на три блока и тоа – Нова, Стара и Православна Европа, во која би припаѓала и Македонија. Како што веќе пишувавме, ЦИА предвидуваше дека Европа ќе се најде во голема криза, поради што влегувањето на балканските земји во ЕУ едноставно нема да може да се случи.
Истовремено, агенцијата Стратфор предвидува крупни промени – зајакнување на Полска и Романија, преку стратешко партнерство со Америка, подем на Турција како регионална сила, истовремено со слабеење на германското влијание.
Проекциите на ЦИА до 2020 година, предвидуваат западен блок, или „Стара Европа”, која би ја сочинувале Германија, Франција, Австрија, Велика Британија, Шпанија, Португалија, Италија, Шведска, Норвешка и Финска.
„Нова Европа# би ги опфаќала земјите на Летонија, Литванија, Естонија, Полска, Унгарија, Чешка, Словачка, Словенија, Хрватска, со тоа што овие земји, некогаш најголем дел од нив членки на Варшавскиот пакт, сега би биле главна воена потпора за Америка во Европа.
Според проекцијата на ЦИА, во „католичката” зона, земјите од Источна Европа би биле под команда на САД, додека Албанија, како и Косово, кое е одделено посебно, би биле дел од “Православната зона”.
Проблемите во ЕУ кои започнаа од 2008 година, создадоа конфронтации во единството на Унијата, па оттаму Стратфор предвиде дека таа тешко ќе може да го врати некогашното единствено, а дури и да се случи да преживее, ќе функционира многу поограничено.
„Во следната деценија, Европа ќе ја дефинира подемот на националните држави, како и движечките сили на континентот. Бројот на национални држави веројатно ќе се зголеми во сецесионистичките движења, или со распадот на земјите”, истакнува агенцијата Стратфор, во својата проекција за иднината на Европа до 2025 година.
Предвидувањата се стари цела деценија и според нив, внатрешноста на Европа ќе биде непредвидлива и нестабилна, дел од нив веќе станаа реалност, но последиците ќе бидат такви што зоната за слободна трговија нема да може да функционира без поголема заштита. Поради тоа, посебно големи последици, според овие предвидувања, ќе претрпи Германија, додека Полска ќе ја зголеми регионалната моќ. Се истакнува и дека кон крајот на деценијата, Турција ќе се подигне на ниво на значајна регионална сила, како главен ривал на Иран.
Економското опаѓање на Европа е последица и на стареењето на Стариот континент, што, како што предвидува ЦИА, не влијае само на губењето на моќ на ЕУ како „светски играч”, туку и на судбината на НАТО, и воопшто на старите воени сојузи.
Одамна е воочено дека лицето на Европа значително го менуваат миграциите, посебно од муслиманските земји. ЦИА уште пред една деценија предвиде дека муслиманската популација во Европа до 2025 година ќе се зголеми од 22 до дури 37 проценти, што дополнително би можело да ги зголеми тензиите на Стариот континент.
ЦИА, исто така предвиде дека американските односи со Европа до 2020 година ќе станат „драматично поинакви” на што, очигледно, веќе работи шефот на Белата куќа, Доналд Трамп.
Тоа, како што се предвидува, ќе има за последица отстапување од институциите на кои сме навикнати уште од Втората светска војна. НАТО би можел да ослабне и да биде променет со поинаква европска архитектура во областа на одбраната.

https://vecer.press/

Најново од: На прво место

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

To top