На прво место

250.000 граѓани во Грција зборуваат македонски

Европска мрежа за малцински јазици: 250.000 граѓани во Грција зборуваат македонски

„Во Северна Грција, односно во западниот и централниот дел на Македонија 250 илјади жители го зборуваат македонскиот јазик. Ова е само процена затоа што Грција нема официјален попис на јазиците на малцинствата. Во оваа земја нема ни официјална регулатива за употреба на малцинските јазици”, пишува на официјалната страница на Европската мрежа за промоција на лингвистичката разновидност.

Оваа мрежа работи и на развивање на политиките за јазиците на малите држави и на промоција на осознавањето значењето на лингвистичката разновидност на ниво на Европа.

На веб-сајтот пишува дека во Грција нема никаква регулатива за употребата на македонскиот јазик, кој е само на ниво на „усно-говорен во семејството и на други заеднички собири”.

Европската мрежа за промоција на лингвистичката разновидност пишува дека малцинските јазици во другите држави во Европа се регулирани, дека постојат официјални податоци за тоа колку луѓе го употребуваат соодветниот јазик преку пописот во тие држави, дека употребата на јазикот на регионално ниво е регулирана, дека тој се употребува по училиштата, дека се изучува тој јазик на универзитети, дека има факултети за обука на учители на тој јазик…

Такво нешто нема во графата македонски јазик во северна Грција.

Главната цел на НПЛД, вели сајтот, е да се подигне свеста на европско ниво за виталната важност на јазичната разновидност. НПЛД, исто така, има цел да ја олесни размената на најдобри практики меѓу владите, креаторите на политиките, практичарите, истражувачите и експертите од цела Европа.

Изминативе 30 години лицето на јазичното планирање во Европа значително се промени. Многу национални и регионални власти имаат основано јазични одбори или оддели за да го промовираат својот јазик, и дома и на европско ниво. Како резултат на тоа, развиена е нова генерација на професионалци за јазично планирање, кои воведоа нова експертиза на теренот. НПЛД реагира на овој развој преку обезбедување форум за професионалците да ги споделат најдобрите практики и да создадат силни партнерства за да го мотивираат напредувањето на малцинските јазици.

НПЛД е отворена за сите малцински јазици, како и за сите институции, јавни тела, здруженија, универзитети и граѓански организации што работат на полето на јазинчата разновидност и мултилингвалноста низ цела Европа, пишува на сајтот.

А.Д.

MKD.mk

Најново од: На прво место

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

To top