На прво место

Господине Заев, така и си мислевме, дека ќе избегате од ТВ ДУЕЛ

Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Арсовски: Човекот кој што го лаже, краде и продава својот народ и својата држава, бега од јавно соочување со лидерот на опозицијата

Почитувани,

Господине Заев, така и си мислевме, дека ќе избегате од ТВ ДУЕЛ.

Човекот кој што го лаже, краде и продава својот народ и својата држава, нормално е да бега од јавно соочување со лидерот на опозицијата.

Кукавички, со разноразни изговори, барања Зоран Заев повторно одмолчува и бега од јавно соочување со Претседателот, Мицкоски да се соочи пред очите на јавноста и да го каже сето она што го мисли.

Ајде господине Заев, бирајте каде сакате, кога сакате, со кој новинар сакате, на кој медиум сакате, прифатете го дуелот и одважете се да излезете на јавното соочување пред очите на јавноста. Не се кријте зад паушални изјави и барања. Таму ќе имате можност се што сакате да им кажете и да им порачате на граѓаните.

Почитувани,

Судството е заробено од канџите на Заев. Заев однапред ги знае пресудите кои што ќе ги донесат судиите. Судството се користи единствено за перење на криминалот на функционерите на СДСМ, вклучително го знаете и оној случај за Зоран Заев каде што беше фатен на очиглед на јавноста, а потоа беше прогласен за невин, и се користи единствено за политички прогон кон луѓето кои што не мислат како Зоран Заев.

Граѓаните веќе изгубија доверба во обвинителството, бидејќи сведоци сме на најголемиот скандал, најголемиот црн вотергејт каде што се прислушувани обвинителите и судиите, и нивни соработници. Обвинителите и судиите за жал се под надзор на Оливер Спасовски и на Зоран Заев.

Почитувани,

Секојдневно, се нарачуваат политички пресуди.Корупцијата и криминалот се на рекордно високо ниво. Ниту еден единствен случај нема решено министерството за внатрешни работи. Луѓе гинат на секој чекор, а мафијата која што си доби држава царува по улиците на Република Македонија.

Економијата крахирана, се носи буџет најголем до сега, а никакви проекти нема. Не е мрднато ниту со прст. Сите економски параметри одат по негативна линија. Граѓаните секојдневно осиромашуваат, а и дополнително ќе осиромашат благодарение на СДСМ бидејќи ќе плаќаат и повисоки даноци.

Се распродаваат националните интереси како на пазар да сме во Струмица, не се почитува волјата на граѓаните, не се почитува волјата на македонскиот народ.

Епа Зоране Заев, ајде повели излези јавно на дуел и објасни им го сето ова на граѓаните дека не е така како што велат овие факти.

Ајде, одважи се, осмели се, не биди кукавица, поканата за дуел е отворена и може во секое време да се реализира.

Најново од: На прво место

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

To top