На прво место

Протестен марш во Велес – Недела 16.12.2018 во 13 часот

Протестен марш во Велес утре во 13 часот: Во Македонија владее црнило, СДСМ мора да замине час поскоро- граѓаните да се придружат

Насекаде околу нас ни се случува црнила. Граѓаните се зацрнети и се оди против нивната волја. Судството е заробено од страна на Зоран Заев и за жал, Зоран Заев е единствениот судија во државава. Кого сака го тужи, кого сака го суди. Криминалот во Република Македонија метастазира како канцер во напреден стадиум. Целото подземје си ги наплаќа фактурите од Владата на СДСМ и управува со улиците, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Аросвски.

-Ни се зацрнија цели фамилии благодарение на криминалците кој што се блиски до СДСМ. Уште колку деца и невини граѓани треба да загинат за конечно оваа Влада да се освести дека треба да работи за граѓаните, а не да работи за мафијата. Корупцијата е на ниво на кое што никогаш не била. Се прислушуваат обвинители и судии и никој не се обидува ниту да сноси одговорност, ниту да даде оставка. Но, еден ден ќе мора да сноси одговорност и да одговара тој што е нарачател на ова прислушување, рече Арсовски и додаде:

„Економијата е крахирана, единствено работат фирмите на Заеви, Анѓушев и останатите од СДСМ. Ни се случува масовен потоп во економијата. Реализацијата на капитални инвестиции до сега е само 1/3. Даноци се покачуваат, граѓаните осиромашуваат. Затоа, заради сите овие причини и уште безброј други, Ве повикуваме да ни се придружите утре на протестниот марш, во недела, во Велес, збирно место на паркингот кај гимназијата во 13 часот, маршираме низ центарот заедно се до платото пред Судот“.

Да ставиме крај, потенцираше тој, на ова лудило и да ставиме крај на оваа црнила.

-Ве повикуваме сите, секој оној кој што е револтиран за било што од оваа Владаа такви ги има многу, се повеќе и повеќе да протестираме заедно се до конечно паѓање на оваа ненародна и криминална власт на СДСМ.

Најново од: На прво место

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

To top