На прво место

ВМРО-ДПМНЕ одлучи да не учествува во процесот за измени на Уставот

Антонијо Милошоски:ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ нема да учествуваат во понатамошните фази на процесот за измени на Уставот

Врз основа на одлука на Извршиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и на заеднички заклучок на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ одлучивме да не учествуваме во понатамошните фази на процесот кој што е повеќе фарса, отколку право, а тоа е процесот за измени на Уставот.

Бидејќи видовме дека власта и самиот референдум го направи фарса и не ја почитува волјата на мнозинството граѓани кои што направија референдумот да биде неуспешен и да нема одлука.

Сами видовте дека дебатата за таканарачените амандмани се сведува на потпишување на амандманите кои што веќе однапред биле договорени од страна на министерот Никола Димитров и неговиот колега во Атина, а исто така уште поголема беше фарсата наречена јавна дебата во која што владините министри дебатираат со провладините експерти за тоа колку се во право за се.

Сметавме за едно вакво сензитивно решение како што е Уставот на Република Македонија, посебно кога истиот ваков како што е во согласност со волјата на народото изразена на Референдум ние како пратеници избрани од народот не чуствуваме потреба да даваме легитимитет на оваа фарса наречена измени на Уставот на Република Македонија.

Оние како тесниот владин круг кои што превземале пред некого обврска без разлика на народната волја да го сменат Уставот нека продолжат тоа да го прават, но треба да бидат свесни дека ваквите постапки се незаконити, дека се спротивни на Уставот и дека немаат легитимитет од опозицијата во Република Македонија.

Најново од: На прво место

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Латас: Не е само Дубаи – се отвораат скриени подруми и архиви

Ај, нека помине малку време, Мицкоски да го реши ова со Алта банка и сите да ги имаат своите пари на слободно располагање, па ќе се свртиме кон еден друг случај: Како Зоран Заев, со асистенција на неговиот советник Зоран Башановиќ, кој под притисок од Вучиќ се повлече од Србија и стана десна рака на […]

Пропаѓањето на Еуростандард банка во време на СДС покажува каков е нивниот однос кон парите на граѓаните

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ – реакција на ставовите на Венко Филипче Нервозата и хистеријата кај Венко Филипче се сѐ поочигледни и тој не може да ги скрие, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче, очигледно, не сака што се најде решение за случајот со Алта банка и што државата и надлежните институции ги преземаат сите неопходни […]

Скопје во знакот на боксот: јубилеен 55. „Златен гонг“ во салата „Расадник“

Од 13 до 15 ноември 2026 година, во спортската сала „Расадник“ во Кисела Вода, ќе се одржи јубилејното 55. издание на Меѓународниот боксерски турнир „Златен гонг“, во организација на Македонската боксерска федерација. На годинашното издание се очекува учество на боксери и боксерки од 17 држави. Покрај македонските претставници, најавени се учесници од Албанија, Австрија, Белгија, […]

Петрушевски: Филипче и Заев нека кажат дали стоеле зад внесот на 110 милиони евра „испрани“ пари од Венецуела во Македонија

Филипче и Заев мора јавно и недвосмислено да одговорат дали знаеле за внесот на 110 милиони евра од Венецуела во Македонија и дали некој од тогашната власт имал улога во трансакциите, порача Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение ја пренесуваме неговата изјава: „Во 2019 година, кога Заев беше премиер, а Филипче министер, преку Еуростандард банка биле […]

To top