На прво место

Промената на уставното име е соучесништво во злосторство

Промената на уставното име е соучесништво во злосторство – Знаете ли како Македонија стана грчка?

Грчки андарски паравојник со отсечени глави на македонски селани

Во коренот на грчкиот геноцид врз македонците не лежи грчкиот карактер на Античка Македонија, лежи сосема друг проблем, од сосема друг период, со сосема поинакво значење. Први грци кои зборуваат за Грчка Македонија се грчкиот офицер Павлос Мелас (1870-1904) и владиката Германос Каравангелис. Пред нив не постои НИШТО грчко на територија на Егејска Македонија. Не постои грчка црква, гроб, топоним било што грчко од 19-ти, 18-ти, 17-век или порано на територијата на Егејска Македонија. Се почнува со Павлос Мелас и Германос Каравангелис, и двајцата доаѓаат од Епир, така што во Македонија можеле да бараат било што, само не сопствената грчка земја.

Шурата на Мелас, Јон Драгумис, е грчки конзул во Битола, така што идеите за грцизација на Македонија почнуваат од нив. Таа грцизација на Македонија почнува и почива врз геноцид врз македонците, со буквална физичка ликвидација на етничка основа која почнува во селото Загоричани на 25 март 1905 година. Италијанскиот Конзул Алберто Манери, кој го посетил Загоричани неколку дена подоцна, додека низ селото сеуште лежеле човечки трупови забележал:„Вакво дивјаштво не сум забележал ни меѓу племињата во Африка.“

Одтогаш почнува геноцидот кој воглавно се сведува на протерување на македонското население, но и повремени масакри кои грците барем тогаш воопшто не пробуваат да ги прикријат. Протерувањето оди во неколку бранови: 1912, 1913, 1924, 1936 и 1948 година. Освен протерувањата и масакрите, присилно се менувани имињата на оние кои остануваат во своите домови, забранет е нивниот јазик дури и за домашна употреба, уништена е македонската култура и особено сакралните објекти. Ете така Македонија има станато грчка, со еден смислен, систематски организиран и спороведен геноцид кој требал да уништи се што е македонско, а кое не асоцира на Грција, односно присвојување на се останато.

Грчката надворешна политика денес, нивното кршење на нашето право да бидеме Република Македонија, влече корен од овие злосторства, а не од ерата на Александар Македонски. Идеата е да се прикријат, или барем меѓународно да се оправдаат грчките злосторства врз македонскиот народ низ целиот 20-ти век. Северна Република Македонија е континуитет на сликиве кои ги гледате, и трагедијата на стотиците илјади кои се протерани, присилно асимилрани….и сите кои учествуваат во проектот Северна Република Македонија се соучесници во злосторството наречено „Грчка Македонија“. Грчка Македонија во 21 век неможе да постои без геноцидот врз етничките македонци, уништувањето на нивната култура, конфискациајта на нивниот имот, менувањето на нивните имиња и топоними.

Грчки паравојници со отсечени глави на македонски селани од времето на Јоанис Метаксас 1936 година

За жал, Европската Унија овозможи наци-расистичките митови кои стојат позади ваквите злосторства, да прераснат во „Евро-стандарди“. Наместо слободен пазар без заеднички институции, во кој ќе партиципира целиот континент без „минимум стандарди“…ЕУ се претвори во ексклузивен клуб чии ексклузивитет се гради врз вредности кои газат врз човековите слободи. Просто не ми е сварливо дека грчкиот геноцид врз македонците е денес „Еу-стандард“ кој го вградуваме во уставот. Тоа е многу повеќе од предавство, тоа е соучество во злосторство, за кое еден ден ќе мора да има трибунал на кој злосторниците од Хан и Јункер, па се до Заев, ќе мора да одговорат на едно едноставно прашање: Како може злосторник кој ги крши човековите слободи, да преговара со неговата жртва?

Тоа е исто како Германија денес да го условува Израел на меѓународна сцена, да не го спомнува Холокхаусот, односно Германија да одлучи да ја „поправи“ историјата на еврејскиот народ. Поготово е бизарно да се зборува за некаква материјална надокнада при ваквата нагодба, односно ваквата лудост да биде наречена „подобрување на меѓусоседските односите“. Северна Република Македонија е едно нечовечко, варварско и малоумно помирување со злосторство, и истовремено кршење на член 15 од универзалната декларација за човековите права на ООН. Затоа неможе да има никаков легитимитет…па кој сака нека стои како потписник.

Виктор Трифуновски

BREITBART.MK

Најново од: На прво место

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При денешната посета на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

To top