На прво место

Со антируска реторика сакаат да го оправдаат бесрамното мешање во внатрешните работи на Македонија

МОСКВА ДО ВАШИНГТОН: САД со антируска реторика сакаат да го оправдаат бесрамното мешање во внатрешните работи на Македонија

Министерството за надворешни работи на Русија синоќа одговори на обвинувањата од САД за мешањето во внатрешните работи на Македонија.

Одговорот е по повод изјавата на заменик-државниот секретар на САД, Џон Саливен за мешање на Москва во внатрешните прашања на Македонија.

Саливен на 18 декември во Скопје на конференција за новинарите рече дека САД „силно го поддржуваат“ договорот на Македонија и Грција од Преспа за решавање на меѓусебниот спор, со кој на Македонија и е „отворен патот за го заземе заслуженото место во ЕУ и НАТО, а на тоа Русија отворено се спротиставува“.

Саливен рече дека „не е тајна“ дека Русија „ќе стори се што може да го поткопа тој процес поради свој интерес“, а САД „ќе го поддржат разоткривањето на сите активности кои Русија ги презема со цел да ги поткопа легитимните и демократските одлуки на други држави“, пренесува Бета.

МНР на Русија во синоќешниот одговор, три дена по изјавата на Саливен, укажа дека неговите оцени „не може да се игнорираат“, бидејќи се „нов збир на обвинувања за некакво мешање на Москва во внатрешните работи на Република Македонија“.

Руското министерство посебно подвлекува дека Саливен рече оти „Русија се противи на пристапувањето на македонската држава кон НАТО и се обидува да го спречи спроведувањето на Преспанскиот договор `спротивно на јасната волја на македонските граѓани`“.

Затоа руското министерство „сака тоа официјално лице на САД да го врати во реалноста“ и се наведува:

„Прво, `јасната волја на македонските граѓани` покажа дека референдумот од 30 септември годинава беше неуспешен, чиј резултат покажа дека мнозинството од граѓаните го отфрлија наметнувањето од САД и нивните сојузници Скопје да влезе во евроатлантските структури, во замена за прекројување на името на државата и напуштање на незјините национални интереси“.

Второ, руското МНР порачува дека по „повод тврдењето за мешање на Русија: „Добро е познато дека американскиот амбасадор (Џес Бејли з.н.) беше во зградата на Собранието на Република Македонија во текот на гнасното гласање на 19 октомври оваа година, кога неопходниот резултат беше обезбеден со валкани манипулации, подмитување и уценување на пратеници и сето тоа е достапно на широката јавност“.

Покрај тоа, пишува во соопштението од Москва, „не руските, туку гостите од Соединетите Држави, ЕУ и земјите од НАТО, готово секојдневно се менуваат на политичката сцена во Скопје само за да го протуркаат пакетот амандмани за смена на Уставот“ на Македонија заради спроведување на договорот со Грција.

„Сето тоа е вообичаено“, пишува во соопштението, бидејќи „со недокажана антируска реторика, Вашингтон се обидува да го оправда своето бесрамно мешање во внатрешните работи на Република Македонија, да го легитимизира погрешниот Преспански договор (Македонија со Грција) и уште една земја од балканскиот регион да ја вовлече во НАТО против волјата на нејзините граѓани, како што направи со Црна Гора во 2017 година“, пишува на крајот во соопштението од Министерството за надворешни работи на Русија.

ДЕНЕШЕН.МК

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

To top