На прво место

Трговија со правото и правната држава, заради лични политички амбиции

Мицкоски: Ова што се случува во Македонија е трговија со правото и правната држава, заради лични политички амбиции

Во денешното гостување во вестите на Сител телевизија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на гласањето во собранието за уставните измени кое ќе се одржи на 9 јануари, е непроменлив, конзистентен и тој се темели на конгресна резолуција, на партиска програма, одлука на извршен и централен комитет и овде нема простор за било какво дивергирање од она што е континуитет и континуиран став на ВМРО-ДПМНЕ.

Имено тој кажа дека не очекува да се случи ништо поинаку од она кое што е став на ВМРО-ДПМНЕ во изминатиот период, а е посветено на тоа прашање.

– Но, она што е многу поважно да се спомене е целокупната оваа трговија со правото и правдината која што нас денеска ни се случува во Република Македонија и вие практично имате премиер на држава кој што на тоа интервју каде што спомена дека јас сум некако поврзан со бегството на Никола Груевски, тој практично призна дека притворите на поранешните функционери во ВМРО-ДПМНЕ ќе влијаат во однесувањето на некои од пратениците кои дадоа поддршка во процесот на отпочнување на Уставните измени, изјави Мицкоски.

Тој потенцираше дека на некој начин Заев имплицирал влијание врз оние судии коишто ќе одлучуваат понатаму во целокупниот овој процес.

-Оваа несеризоност, оваа неконзистентност, континуирано дава една изјава па потоа демантирање на истата стана некако препознатлива карактеристика на Зоран Заев како премиер на Република Македонија, но она што е за мене пострашно во овој момент е фактот дека ние немаме правна држава, ние немаме владеење на правото во Република Македонија со истото се тргува за да се реализираат нечии политички амбиции, истакна Мицкоски во интервјуто.

Додаде дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се оние коишто ја следат конгресната резолуција, ја следат партиската програма, практично ги следат одлуките на централниот и извршниот комитет и дека тој верува во нивната чесност во целокупниот овој процес.

Целото интервју на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ќе биде емитувано во Вестите на телевизија Сител во 19 часот.

Најново од: На прво место

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

To top