На прво место

Зибери: Амнестијата не е последна отстапка на Заев

Зибери: Амнестијата не е последна отстапка на Заев

Амнестијата го суспендираше редот и правниот систем. Ова е ставот на правниот експерт, Насер Зибери, според кого предлагачот на Законот за амнестија воопшто не го земал во предвид функционирањето на правото и правдата. Зибери нагласи дека при усвојувањето на Законот доминирал политичкиот опортунитет, бидејќи е очигледно дека не е усвоен заради општествено помирување, туку за усвојување на уставите измени.

Овој закон всушност вклучува неправда, тој е селективен затоа што како е можно да се амнестираат лица со иста квалификација на кривични дело, а други да бидат осудени на доживотен затвор, како може некој во рамките на истото дело да се амнестира, а некој да се казни. Значи, Законот во себе е конфузен, селективен, нејасен и неправеден. Но ,политичката опортуност го натера предлагачот да ги прекрши овие принципи на уставниот поредок на правото и правдата, за да добие поддршка од 80 гласови за уставните измени. Не може да има друго објаснување за оваа уставна измена, и не може да се оправда“- изјави Насер Зибери, експерт.

Зибери предвидува дека за постигнување на мнозинство од 80 гласови во Собранието за усвојување на уставните измени, граѓаните ќе платат и повисоки сметки од политичката амнестија и кои не се компатибилни со уставниот поредок.

Мислам дека ќе плаќаме уште поголеми сметки и голем број на сметки. Една од нив е последната измена на уставниот закон во кој исто така се вклучуваат голем број луѓе кои му се потребни на парламентарното мнозинство за уставни промени, со менување на членот што ја регулира злоупотребата на службената должност. Ослободувањето на Мијаков од притвор и на компанијата, како и другите дејства кои можат да се очекуваат во иднина се цената со долга листа на дејствија што владата ќе мора да ги плати, за да го заокружи договорот од Преспа, и да се отворат вратите за евроинтеграција, но сите овие не се компатибилни со уставниот поредок, со зачувување на владеењето на правото и правдата“- рече Насер Зибери, експерт.

Амнестијата не ги вклучува единствено организаторите на насилствата на 27 – ми април, оние кои го подготвија и донесоа оружјето за Собранието и претставниците на Министерството за внатрешни работи, кои дејствуваа спротивно на нивните овластувања и надлежности. Со амнестијата беа опфатени петмина пратеници од Собранието, а пратениците без дебата ги усвоија амандманите на членот 353 од Кривичниот законик, кој се однесува на злоупотреба на службената должност, што е поврзано со делата за кои се обвинети бизнисменот Сеад Кочани, близок на Зекир Рамчиловиќ и Василије Авировиќ, син на пратеничката Владанка Авировиќ, која иако е пратеничка од опозицијата гласаше за уставните промени во првата фаза. Со овој член казните се намалуваат на три и четири години затвор, додека се дава можноста и за условни казни.

Превземено од Алсат

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top