На прво место

Златко Јанковски го “заплеска” Нино Тодоров за сите пари

Златко Јанковски го “заплеска” Нино Тодоров за сите пари – што на ова ќе одговори министерот за сè и сешто

Екс портпаролот во министерството за култура, Златко Јанковски кој одлично ги познава приликите во ВМРО-ДПМНЕ открива низа информации кои што се шокантни дури и за најголем дел од членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Прочитајте го интегрално целиот пост на Јанковски:

“Кариеристот Нино Тодоров ака Нино Смрт или Тодорoff седнал и пишал писмо дека вака не оди. Не сме проаѓале у Скопје. Па кој беше советник за град Скопје кај Груевски у кабинет а Нинче?

Другар ти Ивица со кој заедно влеговте у партија по налог на Мијалков 2003/2004. Ти текнува? Зошто не проаѓаме у Скопје бе фраер? Ради тебе и таквите како тебе што си ги собравте по кабинети и управни одбори. Ради тебе и таквите како тебе што маме и е*авте на партијата.

Ти позади тебе немаш ниту еден успешен проект. Ни у Катастар, ни у образование, ни у здравство. Поготово у здравство, бе фраер! Луѓе умираа заради тебе и твојата политика. Министер за сѐ и љубимец на Груевски. Носител на титулата наследник на Груевски!

Ти текнува како продолжија да стигаат илјадници евра кај татко ти на сметка од кога отиде у пензија? Ти текнува ли како поим немаше како изгледа структурата на партијата у која што влезе 2003/2004? У кафичот на ул. Македонија кога седевме и ти објаснувавме, тебе и на другар ти Ивица?

Ти текнува кога викаше дека била селска химната на партијата и дека сме морале да ја смениме за да привлечеме млади? Ти текнува како се подбиваше со сите кои не мислеа како тебе? Ти текнува ли Нинче како стана министер? А?

Преку кого сѐ мораше да поминеш? Има луѓе памтат. Климаше со глава и се сложуваше, ма какви, ги креираше сите лоши политики на партијата. Ти текнува како се дереше по телефони за да се притискале сите што сте ги вработиле да гласаат за тебе?

Ти текнува како урлаше по телефон за списоците 1+3 и за оние 25 сигурни гласачи кој требаше секој член на ВМРО да ти ги обезбеди? Ти текнува дека имаше најслаб резултат како носител на листа? Ти не проаѓаш бе фраер, ти и таквите како тебе бевте и уште сте ракот во ВМРО. Кариеристи, материјалисти!

Ти текнува ли на твоите кадровски решенија, сите поранешни членови на сдс? Ти текнува ли како зборуваше – мораме да ги придобиеме и нив затоа им даваме.

Сега нешто не ти чини?

Како сѐ ти беше во ред дур беше министер? Ти текнува на лабораториите за факултетите? Кинески и преплатени? А ти текнува на апаратите кои немаа(т) сеуште соодветни простории да работат?

Како можеш да се појавиш у јавност после случајот со Тамара? Сакаше ПР и од неа да правиш. А те браневме со сите сили иако не можевме да те гледаме, затоа што ти беше ликот на партијата, наследникот.

Успеа да го скараш ВМРО со сите професори, успеа да го скараш ВМРО со сите доктори! Успеа 10 пати да смениш закон за образование у неколку години и директно да ја заебеш иднината на нашата држава!

Ти текнува кога викаше – абе тоа сељаците од по градовиве не разбираат многу, нашите гласачи се прости, што и да им сервираме ќе голтнат? За другарка ти Бришковска да не мислиш кога збориш за луѓе од други партии на позиции во ВМРО?

Онаа истата што си ја прибравте у екипа кај Сашо уште кога влеговте у ПУИГ со Ивица 2006 а? Ти текнуваат ли патувањата до Виена за одбрана екипа у Вавилон, а фраер?

Демохристијан, десничар, идеолог уште се претставуваш. Кога јас зборев за Тодор Александров ти викаше дека ние требало да ја смениме химната дури и знамето на партијата за да сме привлекле гласачи!

Немој да лажеш дека тебе ти е гајле за ВМРО. Не ти е! Гајле ти е за сопствените бизниси (не само кафичот у Капитол и адвокатската куќа која магично брзо расте). Гајле ти е за сопствената слобода. Затоа одработуваш за туѓи бели дворови! Затоа пишуваш небулози и глупости.

Зашто се плашиш за сопствената слобода и се ставаш на располагање на кој стигнеш! Засрами се и наведни глава, гробару на ВМРО!”

Превземено од БАЛКАН

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top