На прво место

Црнилата кои ги донесе криминалната власт на СДСМ ја уназадија Р.Македонија на секое можно поле

Црнилата кои ги донесе криминалната власт на СДСМ ја уназадија Република Македонија на секое можно поле. Заради економското цунами на СДСМ, Република Македонија бележи пад на листата за водење бизнис на реномираниот „Форбс“.

Како што тоне Република Македонија во корупција така тоне и во економијата, а тоа е една од забелешките на „Форбс“ покрај немањето слобода, невладеење на правото и непочитување на законите од страна на власта.

Ако во 2014 година Македонија се наоѓаше на високото 31 место, сега заради криминалната власт на Заев и СДСМ, земјава стигна дури на 68 место. Така наместо да ги привлекуваат инвеститорите тие секојдневно се повеќе и повеќе ги бркаат.

Економијата е на дното, граѓаните едвај врзуваат крај со крај, а власта си изгласа покачување на платите на Радмила Шекеринска, Кочо Анѓушев, Оливер Спасовски, Бујар Османи и Хазби Лика

Нема 500 евра просечна плата, нема 100.000 плата за лекарите, нема повисоки пензии, но затоа има повисоки плати за функционерите од власта.

Додека власта си ги покачува платите, во исто време ги покачува даноците за граѓаните. ИТ инженерите, земјоделците, луѓето кои играат игри на среќа, граѓаните кои остваруваат доход од издавање под кирија на станбен или деловен објект, лицата кои имаат приход од капитална добивка сега ќе плаќаат повисоки даноци за да може вицепремиерите да имаат повисоки плати и за да може директорите во сите јавни претпријатија да добијат заменици кои државата ќе ја чинат над 2 милиони евра годишно.

Донесоа само живот за своите функционери и партиските послушници, а беда за граѓаните на Република Македонија. Овие црнила кои и ги нанесува СДСМ на Република Македонија мора веднаш да запрат.

Многу скоро граѓаните ќе ги казнат Заев и СДСМ и ќе ја донесат зората во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top