На прво место

Честитам, грчки народе

Честитам, грчки народе

Респект за Вас, грчки народе. По 25 години „борба“, Вие ја добивте војната. Затоа што ние се самопоразивме. Самите се победивме. Се здробивме самите себе си. Се дрецнавме од чименто. Го избришавме подот со сопствените фаци. Си дадовме автоголови. Се нокаутиравме самите себе. Си се превеславме помеѓу нас. Се поделивме како никогаш досега. Се масакрираме секојдневно. Самите се избламиравме. Направивме нешто што ниту еден народ не направил во историјата – се самоукинавме!

Респект за Вас, грчки народе. По 25 години „борба“, Вие ја добивте војната. Ние доживеавме апсолутен пораз. Невидена капитулација. Нè здробивте. Го избришавте подот со нас. Нè наполнивте со голови. Нè нокаутиравте. Нèпревеславте. Нè масакриравте. Нè направивте будали, дотука бидува! Сега светот се подбива со нас. Успеавте да направите нешто што никој никогаш не направил… Не, не, не … грешам. Простете. Погрешно се изразив. Респект за Вас, грчки народе. По 25 години „борба“, Вие ја добивте војната. Затоа што ние се самопоразивме. Самите се победивме. Се здробивме самите себе си. Се дрецнавме од чименто. Го избришавме подот со сопствените фаци. Си дадовме автоголови. Се нокаутиравме самите себе. Си се превеславме помеѓу нас. Се поделивме како никогаш досега. Се масакрираме секојдневно. Самите се избламиравме. Направивме нешто што ниту еден народ не направил во историјата – се самоукинавме! И сето ова го постигнавте, затоа што точно знаевте што сакате и се боревте за тоа.
Сакавте Erga omnes – добивте!
Баравте да се прекрстиме – се прекрстивме!
Ја сакавте историјата на македонскиот народ – Ви ја дадовме!
Сакавте нашата цивилизација да нема врска со античкото наследство – и тоа го извојувавте.
Баравте нашиот идентитет да го самоидентификуваме како чисто словенски – добивте!
Никогаш не признававте и нема да признавате македонска нација – и тоа Ви го овозможивме! Повеќе не сме Македонци ами граѓани на Северна МАкедонија!
Нè нарекувавте иредентисти! Признаваме дека сме биле такви, со тоа што сите елементи што укажуваат на иредентизам ги отстрануваме од учебниците, имињата на спомениците, јавните објекти и институции ќе бидат отстранети и променети. Ништо македонско не остана. Ниту „забетонираниот“ идентитет! И, покрај сето ова, ВИЕ СТЕ НЕЗАДОВОЛНИ! Сакате повеќе. Се однесувате како да сте „оштетени“. Алал вера! Ви се восхитувам. Така се брани својот став.
Камо да имавме барем еден политичар сличен на Вашите! Барем да имавме „Д“ од Вашиот ДУХ! Искрени честитки!

Љупче Петрески

https://off.net.mk/lokalno/razno/chestitam-grchki-narode?fbclid=IwAR0IuvcTYc-rTG_9BjLA4Ef_ic2tKg3rThXrSiqrQFZZ5jtHph6D5q1RQmE

Најново од: На прво место

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

To top