На прво место

„Тајм“:Заев и Ципрас го туркаат Преспанскиот договор со стап,ЕУ премижува пред сомнителната демократ

Дополнително засилување на етничките тензии во Македонија и во регионот

„Тајм“: Заев и Ципрас го туркаат Преспанскиот договор со стап, ЕУ премижува пред сомнителната демократија

ЕУ можеби имала благородна намера кога притисна да се стави крај на спорот, но во својот пристап ја игнорира политичката реалност во регионот и волјата на граѓаните, и се наметнува како бирократска сила која дозволува сомнителни постапки доколку тие служат за реализирање на нејзините цели.

Угледното списание „Тајм“ објави текст во кој се наведува како македонски пратеници биле уценувани и изложени на „страшен притисок“ за да гласаат за преименување на државата. Во текстот, напишан од страна на докторантот на Харвард Ангелос Хрисогелос, дополнително се оценува дека големи мнозинства од граѓаните на двете држави се спротивставуваат на договорот, и дека негова последица веројатно ќе биде дополнително засилување на етничките тензии во Македонија и во регионот.

Во Македонија, Заев го немаше потребното двотретинско мнозинство во Собранието за да го смени Уставот, поради што употреби закани со судско гонење за корупција, и донесе контроверзен закон за делумна амнестија за да ги натера опозициските пратеници да гласаат за неговите уставни амандмани. Имаше извештаи дека опозициските пратеници во Скопје беа изложени на огромен притисок, како од поддржувачи така и од противници на договорот, вклучително и од странски влади, за да гласаат како што ќе им се каже. Двете страни обвинуваат за закани со физичко насилство и за нудење мито, пишува Хрисогелос.

Што се однесува до ратификацијата во Атина, „Тајм“ пишува дека грчкиот премиер Алексис Ципрас им нудел владини функции и места на изборната листа на следните избори на пратеници кои ќе го поддржат за гласањето на недоверба, како и за гласањето за ратификување на договорот за преименување на Македонија. Притоа, опозицијата го обвини Ципрас дека во овој процес ги злоупотребува судството, медиумите, но и армијата.

Како второ, двете влади го наметнуваат договорот од Преспа спротивно на желбите на голем дел од нивното население. Во Македонија, Владата не успеа да добие поддршка на советодавниот рефрендум во септември, но ЕУ одбра да го игнорира гласањето на граѓаните. Во Грција, сите анкети покажуваат дека големо мнозинство е против овој договор, додава „Тајм“, наведувајќи ги масовните протести против договорот во Атина.

Според неделникот, може да се очекува начинот на кој се наметнува овој договор наликуа на пристапот на европските бирократски фактори кои ја отфрлаат волјата на граѓаните во повеќе земји низ ЕУ, што секако ќе влијае врз изборите за Европскиот парламент закажани за неколку месеци.

Конечно, овој договор ја загрозува дури и геополитичката цел да се стабилизира регионот, токму поради тоа што со него се создадоа леснозапаливи политички состојби во Грција и во Македонија. Во Македонија, договорот го поддржува коалиција која ја сочинуваат малцинство од мнозинската словенско-македонска етничка група заедно со етничкото албанско малцинство. Мнозинството од словенските Македонци се спротиставуваат на договорот. Со други зборови, имаме коалиција на малцинства собрани против мнозинството од мнозинската заедница. Ваква комбинација секако ќе предизвика етнички тензии и ќе ја зголеми поларизацијата во Македонија – што е целосно спротивно од желбите на ЕУ, пишува Хрисогелос, кој очекува сличен поларизирачки ефект и во Грција.

Според „Тајм“, ЕУ можеби имала благородна намера кога притисна да се стави крај на спорот, но во својот пристап ја игнорира политичката реалност во регионот и волјата на граѓаните, и се наметнува како бирократска сила која дозволува сомнителни постапки доколку тие служат за реализирање на нејзините цели.

https://republika.mk/vesti/makedonija/tajm-demokratijata-shto-se-sproveduva-so-stap-lesno-kje-prerasne-vo-demokratija-shto-se-praktikuva-so

Најново од: На прво место

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

To top