Протест на Македонците од Европа пред Европскиот Парламент во Брисел!
Понесени од европските вредности за човекови права, достоинство и почитување на волјата на македонскиот народ, потврдена од минатогодишниот референдум, македонската дијаспора од Европа повикува на голем масовен протест пред седиштето на Европскиот Парламент во Брисел.
Легитимноста на македонскиот народ е узурпирана од нелегитимните пратеници и таканаречена влада. Откога неправдата и нелегитимноста се инкорпорирани во опшеството, отпорот и бојкотот станува основно средство на реакција и должност.
Дали мирно ќе го набљудуваме процесот на македонското уништување и држава?
Нашиот отпор во дијаспората нека биде зачетокот на нови протести и непризнавање на вештачка северна држава.
Да бидеме горди и решителни во докажувањето на македонските неправди пред Европските институции и пошироко.
Само со масовност и решителност ќе можеме да придонесеме во зачувувањето на македонската држава и идентитет.
Протестот ќе се одржи на:
8 февруар 2019 година
14.00 часот
Пред Европскиот Парламент – Брисел, Белгија
Секогаш Македонија, никогаш Северна.
Координативно тело за протести на Македонците од Европа
Женева , 31 јануари, 2019.