На прво место

ОЈО да ја испита оваа активност, без да има влијание на бизнис-интересите и на политиката

Скопје увезува отпад за да го гори во Дрисла и ги труе скопјани

Загадувањето во главниот град и натаму е сериозен проблем за граѓаните. Toa повторно ги „предизвика“ граѓанските иницијативи да реагираат и да побараат одговори од надлежните за оваа веќе алармантна ситуација во Скопје.

15-минутната блокада на скопската депонија „Дрисла“ на „Движењето за чист воздух“ беше само една од многуте реакции на граѓанските иницијативи за ситуацијата во која се наоѓа Скопје, а организаторите од надлежните побараа одговори на повеќе прашања за загадувањето.

Инсистираа на одговори за прашањата што се гори во печките во депонијата „Дрисла“ и за каков отпад станува збор. Исто така сакаа да им се каже дали се почитуваат законите и стандардите во согласност со европските регулативи. Го акцентира и прашањето за увозот на отпадот од други земји во Македонија и негова целосна забрана. Од надлежните побараа да ги испитаат индициите за можни нерегуларности.

Според Аријанд Џафери, од тетовската „Екогерила“, забраната за увоз на отпад во Македонија значително ќе придонесе да се намали нивото на загадувањето, особено во Скопје и ги повика премиерот Зоран Заев и Владата да го променат Законот за увоз на отпад.

– Македонија нема капацитет да се справи со сопствените количества отпад, па така увозот на отпад од земјите од ЕУ остава сомнежи за корумпираните врски и можни импликации за интересите на мафијата. Бараме од ОЈО да ја испита оваа активност, без да има влијание на бизнис-интересите и на политиката – истакна Џафери.

Екоактивистите апелираа за можни одбегнувања на конвенциите што го регулираат транспортот на опасен отпад и немањето соодветни контролни механизми за тоа што влегува во државата. Дополнително се осврнаа и на застарените правилници и методологии, кои не се соодветни на денешните потреби. Организаторите беа децидни, доколку надлежните не дадат одговори и не преземат мерки најавија и помасовни протести.

https://republika.mk/vesti/skopje/skopje-uvezuva-odpad-za-da-go-gori-vo-drisla-i-gi-true-skopjani/

Најново од: На прво место

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

To top