На прво место

НЕПРИСТОЈНИ ПОНУДИ ДО ГРУЕВСКИ

НЕПРИСТОЈНИ ПОНУДИ ДО ГРУЕВСКИ: СЈО ми понуди лажно да сведочам во замена за мојата слобода!

Македонскиот политички дисидент во Унгарија, Никола Груевски во своето ексклузивно интервју за Инфомакс обзнани скандалозна информација дека од Специјалното Јавно Oбвинитeлcвo на Катица Јанева добил непристоен предлог да стане нивен соработник во замена за неговата лична слобода. Тој категорично го одбил предлог на СЈО како што вели лажно да сведочи против неговите поранешни соработници во замена за неговата слобода.

–Во СЈО на пример има редица случаи каде што ги викаат луѓе кажи нешто против тој и тебе ќе те ослободиме. Впрочем и мене ми се случи и јас бев повика во СЈО. Ми дадоа понуда неофицијално, јас бев повикан за друго, бев повикан за да ме информираат какви две постапки ми почнуваат, обвиненија во предистражна постапка беа, требаше во истражна да поминат. Заврши тој дел и ајде сеа као на кафе малку да седнеме да позбориме и во тој дел, таа ситуација ми беше јасно дадено до знаење дека очекуваат, посакуваат да им помогнам со информации за некој луѓе. Прво почнаа да зборуваат за мене, јас им кажав немате ништо, затоа што и нема ништо ова што го правите е недозволено, еден ден ќе се каете, ме малтретирате тука, немате никакви докази за тоа што сакате да го постигнете со мене, зборам на неофицијалната средба, не на официјалната. Тие ми велат ,,добро еве можеби немаме за тебе ама помогнете ни за другите, ти знаеш се”. Јас им одговорив јас не можам да ви помогнам, некого да го направам крив, виновен ако не е. А овие што вие ми ги спомнувате, овие луѓе тие немаат никаква вина, тие работеа, дадоа се што можат да направат за државата, ги почитуваа законите сега се предмет на хајка, извинете не можам да ви помогнам. И добро рекоа не им беше драго, но си продолжи прогонот против мене.

Груевски сепак забележи дека има луѓе кои што во ваква ситуација одговориле поинаку, им ветиле слобода ако дадат ,,информации” за некој друг или за првиот, мислејќи на самиот себе. Дојде време вели тој кога на луѓето им местат да се виновни, а тие не се, им накалемуваат дека се виновни им втеруваат страв и се подготвени да наместат некој друг иако знаат дека ниту тој е виновен.

Екс премиерот го спореди сегашното време во Македонија со некои други времиња од 1948/49-та година и прогонот кој го спроведувале комунистите по крајот на Втората Светска Војна, додавајќи дека можеби е и полошо.

Во СЈО вели тој е врвот на непотизмот, сите се или деца на oбвинитeли, cyдии, вработени во медиуми, нема случајно вработен лик.

INFOMAX

Најново од: На прво место

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

To top