Нелоски за Силјановска Давкова:Најважното е што таа ќе биде мајка на целата нација и на сите граѓани на Република Македонија
Според Нелоски, загрижува однесувањето на Заев бидејќи постапува непринципиелно кон Албанците со неговите популистички проекти кои ги најавува во општините каде што поголем број на граѓани се од албанска националност.
Нелоски потенцираше дека кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, не е националист како што сакаат да ја прикажат, додавајќи дека таа е родољуб којa што ја сака татковината и којa што може да биде претседател на сите граѓани на Република Македонија, без разлика на етничката или политичката припадност.
-Сметам дека не е националиста, напротив родољуб и човек кој што си ја сака татковината, а само таков човек може да биде мајка на целата нација и на сите граѓани, а не само на Македонците или Албанците, на ВМРО-ДПМНЕ или пак на СДСМ, вели тој.