На прво место

Полицијата ги чува таблите со Северна Македонија

Полицијата ги чува таблите со Северна Македонија 24 часа на ден за да не ги исчкртаат како на автопатот „Пријателство“

Новите крајпатни табли со Република Северна Македонија што беа поставени на граничните премини во средата, полиција ги чува 24 часа на ден. А полицајци позорникари чуваат стража и ноќе, поради опасност да бидат симнати, ишкртани или украдени за старо железо, објавува СДК.мк.

Официјално, на граничните премини секако има постојана патрола од позорникари кои не се таму само за таблите со новото име на државата, туку и зашто на меѓуграничниот простор мора да се внимава, бидејќи таму не смеат слободно да се движат луѓе.

Неофицијално, полицајците се со задача да стојат покрај новопоставените табли, со оглед на тоа дека се заканува опасност противниците на новото име на државата да им го сторат на таблите со Северна истото што им го сторија на тие со автопатот „Пријателство“.

Набргу по менувањето на старите сообраќајни табли со „Александар Велики“ во „Пријателство“, како прв чекор на градење доверба со Република Грција, до една сите се испошкртани со спреј долж целиот автопат.

Досега никој не одговарал за сквернавењето на сообраќајните табли со новото име „Пријателство“.

Според Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, член 190, забрането е неовластено поставување, преместување, отстранување и оштетување на сообраќајните знаци и на опремата на патот или измена на значењето на сообраќајните знаци. На правното лицe надлежно за одржување на патот кое постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2) на овој член ќе му се изрече глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност. Парично ќе одговара и директорот, во случајов Агенцијата за државни патишта за уништените табли „Пријателство“ и Царинската управа за таблите на граничните премини.

Казната за чкртање, кражба и уништување на сообраќајни табли и друга опрема за физичко лице е 300 евра во денарска противвредност.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

Со почит кон шестмината основачи — одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Свежо цвеќе пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во чест на 23 Октомври По повод 23 Октомври, пред споменикот на основачите на Македонската револуционерна организација во паркот „Жена борец“ во Скопје, се поклонија и положија свежо цвеќе делегации на Собранието, Армијата на Република Македонија, Владата, министерствата, дипломатскиот кор, здружението на борците од Народноослободителната […]

Да ја поддржиме Ана во Малта

Пред големиот настан во сабота Да ја поддржиме Ана во Малта: начинот за гласање е многу едноставен – со посета на следниот линк: https://vote.eurovision.com/ КУРИР интервју од Малта: Ана со гордост ќе пее за Македонија – да ја поддржиме! Слаткото девојче од Струга, со Македонија во срцето, во моментот кога ќе застане на грандиозната сцена, […]

23 Октомври 1893– Денот кога во Солун беше положен заветот за слободна Македонија

23 октомври 1893 година – почетокот на организираната македонска револуционерна борба На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Овој датум се одбележува како Ден на македонската револуционерна борба и зазема значајно место во историјата на македонското ослободително движење. Основачи на Организацијата биле: – Даме Груев, од […]

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!

Честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! На 23 октомври 1893 година, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставиле темелите на Македонската револуционерна организација. Во време на туѓа власт и неизвесност, ја презеле одговорноста да го организираат својот народ во борбата за слобода, свесни за опасностите и жртвите што ги очекувале. Со длабока […]

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Во ВМРО-ДПМНЕ честитката за четврто место во Брвеница е подготвена, се бара славеникот!

СДС го слави поразот во Брвеница, а Филипче се одмора од „успехот“ По изборниот пораз во Брвеница, од Венко Филипче се очекува јасен одговор: што се случи со партијата и кој ќе понесе политичка одговорност? Кога резултатот е убедлив пораз, лидерот треба да излезе пред јавноста и да го објасни. Соопштенијата можат да ја разубавуваат […]

САЕ „Тигар“ со висок пласман и признание за ферплеј на „БОРАН 8“ во Турција

Во конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските специјалци го освоија деветтото место и се најдоа меѓу трите најдобри тимови за ферплеј. Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ остварија значаен успех на меѓународниот натпревар во снајперско гаѓање „БОРАН 8“, одржан во Република Турција. Во силна конкуренција на 48 тимови од 22 држави, македонските […]

To top