Силјановска Давкова:Изборот на Џафери се случи на крајно невообичаен начин, тоа фрла недемократска светлина на неговиот избор
-Но ние не можеме да заборавиме и јасно е дека изборот што се случи во Република Македонија во услови на мобилни телефони и сликање, во услови на нејасност дали постојат 61 глас за негов избор, рече таа.
Професорката вели дека неговиот избор е направен во услови на крајно невообичаено претседавање.
-Со таа седница по Уставот треба да претседава поранешниот претседател на Собранието и ако не може тој, тогаш најстариот член на Собранието. Но најстариот член му го предаде претседавањето на господинот Мисовски небаре тој го наследил, вели таа.
-Сето тоа фрла една недемократска светлина на чинот на изборот на господинот Талат Џафери, вели претстојниот кандидат за претседател на Република Македонија, професорката Силјановска.