На прво место

Мицкоски со порака до Заев: Македонија е на нозе ќе ти врати за сите твои недела кои ги направи!

Мицкоски со порака до Заев:Македонија е на нозе ќе ти врати за сите твои недела кои ги направи!

Денес станаа јасни две работи.

Првата е дека СДСМ предводен од деспотот Заев е во слободен пад, и токму поради штетните политики нивниот рејтинг е во слободен пад, и им следува крај и тежок пораз најпрвин на претседателските избори а потоа и на предвремените парламентарни избори.

Тие се свесни за тоа, свесни се дека народот не ги подржува веќе, дека на граѓаните им е преку глава од самоволието на деспотот Заев, од не работа на министрите, од предавствата, од забеганоста на владата, свесни се дека паѓаат, дека губат и затоа во очај, подмолно, тие сега одат на внесување на страв во општеството, на нова тура самоволен политички прогон.

Институциите на чие чело е деспотот, деспотот Заев, се разнишани. Деспотот Заев го гледа својот крај и затоа е најопасно, затоа презема очајнички потег на внесување страв меѓу народот, затоа апси врз основа на изјави на сомнителни лица, без докази, на рекла казала муабет, со години после настанот за кој ги обвинуваат.

Овие луѓе не се виновни. Народот е веќе разбуден, и не се плаши.

Заев, запамети, ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните на Република Македонија, народот не ти се плашиме! Ова што го правиш е лудило, ама ние сме подготвени да понесеме жртва, затоа што знаеме дека сме на вистинската страна, на страната на Република Македонија.

Ти отчукува часовникот, и да знаеш Заев готов си, нема бегање! Колку повеќе високо леташ потежок ќе биде твојот трескот кога ќе паднеш, тоа јас лично ти го гарантирам.

Апси, можеш и да нарачуваш убиства, но, едно да знаеш нема да ти се исплашиме и ќе те поразиме.

СДСМ знае дека паѓа и сакаат да внесат страв, да го деморализираат ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на Република Македонија, тие сакаат да се збори за притвори, за апсења, за изживувања за да не се збори за вакцините кои убиваат, за здравството на Филипче кое убива, за не работа на Спасовски која убива, за Кочо и Тевдовски кои безмилосно го осиромашија народот, за тендерите и богатењето на брат ти Вице Заев, братучед ти Трајче Заев, за очајните земјоделци и излажаните пензионери. Се е јасно, готов си и за тебе крајот ќе биде жесток.

Втората работа која денес стана јасна, покрај првата и основна дека СДСМ е слаб, е фактот дека единствено решение, единствен модус за да се стави крај на ова деспотство, на оваа игра со судбини, на ова уништување на Република Македонија е жестоко да го поразиме СДСМ на претседателските избори, да го победиме и јас ви гарантирам дека ќе го победиме!

Деспот Заев со овие налудничави потези што ги прави сака да испровоцира реакција од нас, од ВМРО-ДПМНЕ, од народот и граѓаните на Република Македонија, реакција која ќе значи да се откажеме од претседателските избори, за на тој начин да избегне катастрофален пораз, или пак да направиме чекори кои потоа ќе му служат како алиби на деспотот Заев за веќе извесното недобивањe на датум за преговори со Европската Унија.

Знаеме дека овде не е проблемот ниту Спире, ниту Трајко, ниту Миле или пак Никола. Овде е проблемот деспотот Зоран Заев и неговите уцени, тоталитарни напади, жигосувања, потпалувања на кавги, неморални подметнувања. Овде деспотот Заев си игра со судбини на луѓе, доделувајќи им улоги, уценувајќи ги. И овде нема добитници, ниту поразени, сите губат во оваа работа. Со ваква Кацарска судство, со вакво Рускоска Обвинителство овде нема ниту право, ниту правдина. Решението за стигање до правда е едно, победа на претседателските избори а потоа на неминовните предвремени парламентарни избори и пораз на деспотот Заев и санкционирања на сите неправди од првата до последната.

Ајде Заев нема бегање од поразот кој ти следи, ќе те победиме жестоко и со голема разлика. Македонија е на нозе, и ќе ти врати, запамети, ќе ти врати за сите недела кои што и ги направи. Притискај, апси, корумпирај, вработувај роднини, прави разни будалаштини, нарачувај убиства, заканувај се на нашите семејства, но сепак спас ти нема – ќе те поразиме!

Сакам да ти порачам деспоту Заев, за ова што го правиш еден ден, а ти ветувам многу брзо ќе дојде тој ден, ќе одговараш, ќе одговараш и ти и твоите соработници, врхушката и министрите, а и обвинителите и судиите кои ти слугуваат. Се ќе се преиспита, и ќе стане јасно. Многу високо си летнат, отсутен си од реалноста, ама драматично ќе паднеш, сети се на Милошевиќ и сети се на Чаушеску, и тие мислеа дека се недопирливи ама знаеш како завршија.

Ти следува пораз, од мене, од ВМРО-ДПМНЕ и од граѓаните на Република Македонија, ти следува пораз од Македонија и Македонија ќе те победи!

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top