На прво место

Е ова го немаше ни во режимот на Груевски – линч во притвор!

Бранко Героски: Е ова го немаше ни во режимот на Груевски – линч во притвор!

„Сите ќе ги осудат како муви, никој нема да биде поштеден“, ми вели еден добро информиран пријател. Му верувам. Дури се знае дека лавината на драконски пресуди треба да се стркала во март, во екот на кампањата за претседателските избори. Нормално, ништо не се остава на случајноста. Таков исход на ова „делење на правдата“, за жал, навестува и инцидентот во Шутка. Ништо не е случајно.

Морам да ве потсетам, почитувани читатели, дека предупредував дека и вакво нешто може да ни се случи. Ваков срам, каков што не можеше да се замисли дури ни за време на најцрниот режим на Никола Груевски – линч во притвор!

Повторувам, ова го немаше ни во казаматите на груевизмот, притвореници да бидат физички линчувани. А токму тоа денеска им се случило на Миле Јанакиески и на Спиро Ристовски, кои од вчера се во затворот во Шутка, откако им беше одреден 30-дневен притвор во врска со настаните од 27 април. Јанакиески бил пренесен во болница.

Затворските власти, наместо да обезбедат елементарни предуслови за безбеден престој во оваа установа, денеска ја забавува јавноста со соопштение во кое ги „открија“ резултатите од својата „истрага“ за тоа кој бил виновен за инцидентот (нормално, утврдено е дека кавгата наводно ја предизвикал Јанакиески), нападнатите лица се уверуваат дека „ќе бидат понатаму згрижени и заштитени без опасност по нив, согласно процедурите на установата“, а јавноста се повикува „да се следат официјалните информации и да не се подлегнува на шпекулации“.

Молам?! Каква застрашувачка дрскост, неодговорност и бесчувствителност кон жртвите!

Да се разбереме добро. Ние немаме скандинавски затвори. Луѓето што поминале извесно време во нашите казамати сведочат дека тоа е еден сосема друг свет, дефинитивно надвор од посериозна контрола на затворските управи, свет во кој владеат правила на однесување и хиерархии многу различни од оние „во цивилство“. За тоа се напишани книги, снимени се филмови. Нашите затвори се слика и прилика на нашето примитивно и агресивно општество, во кое секој секому е волк.

Сепак, мора да потсетам дека годината во која се случува овој инцидент е 2019-та, гарнитурата која е на власт ни продава демократија и високи стандарди на цивилизирано живеење, а Македонија веќе е членка на НАТО и наскоро треба да ги почне преговорите за членство за Европската Унија. Во таква земја, вакви нешта, едноставно, не смеат да се случуваат.

И секако, мора да се соочиме со фактот дека насилството врз Јанакиески и врз Ристовски во затворот во Шутка е последица на создадената општа атмосфера на линч, во која се одвиваат судењата за предметите што ги води Специјалното јавно обвинителство и судењето за обидот за пуч на 27 април. Поради очигледната намера сите обвинети да се осудат драконски и со сериозни повреди на презумцијата на невиноста и на доказните постапки, се впрегнуваат новинари, медиуми и инфлуенсери на социјалните мрежи, за да им „пресудат“ на „виновниците“ пред тоа да го сторат судовите. Тоа навистина е страшно!

„Сите ќе ги осудат како муви, никој нема да биде поштеден“, ми вели еден добро информиран пријател. Му верувам. Дури се знае дека лавината на драконски пресуди треба да се стркала во март, во екот на кампањата за претседателските избори. Нормално, ништо не се остава на случајноста. Таков исход на ова „делење на правдата“, за жал, навестува и инцидентот во Шутка.

Одвишно е да кажам дека сум немал прилика лично да ги запознам Јанакиески и Ристовски и дека после она „пиштење и вриштење“ за кое слушавме во „бомбите“, немам никаква емпатија кон луѓето од таа гарнитура на Груевски. Но, како човек што е длабоко убеден дека вистинска правда не се дели без принципи и без строго почитување на правните процедури, јавно протестирам против овој срам и ви велам – не, драги мои пријатели, овој линч не е правда, ова не носи мир во нашето трагично поделено и конфликтно општество!

https://plusinfo.mk/%d0

Најново од: На прво место

6 октомври 1014 година — Смртта на цар Самуил, владетелот чие царство имало средиште во Македонија

Преспа и Охрид остануваат сведоштва за државното, духовното и културното наследство на Самуиловото време. На 6 октомври 1014 година починал цар Самуил, владетел чие име е длабоко поврзано со средновековната историја на Македонија. Неговото царство имало средиште на македонската територија, а Преспа и Охрид имале особено значење како политички и духовни центри. Самуиловото време останало […]

Горан Благоев, бугарски новинар и историчар: Бугарија ѝ предала на Грција и реликвија од Охридската архиепископија

Акт од 28 ноември 1916 година, посочен во извештаите за тврдењето на Горан Благоев, наведува 84 црковни старини од Охрид испратени на „привремено чување“ во Софија — меѓу нив и сребрена кутија со моштите на света Матрона, попишана како сопственост на градот Охрид. Бугарија ѝ предала на Грција и охридска реликвија во размената за останките […]

Мицкоски: Фон дер Лајен ја оцени работата на Владата како инспиративна, продолжуваме со реформите

Премиерот очекува интензивирање на евроинтегративниот процес и изнаоѓање решение за ситуацијата во која се наоѓа Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на нова, енергетски ефикасна детска градинка во Општина Теарце, со капацитет за 147 деца. Според него, со отворањето на објектот е надмината листата на чекање за згрижување деца во општината. […]

5 октомври 1878 година — Македонското востание во Кресна: борба за слобода по Берлинскиот конгрес

Насловната е Печат на штабот на Македонското востание во Кресна, 1878 година Во Пиринска Македонија започнала вооружена борба против османлиската власт, која ја изразила решеноста на населението да се спротивстави на неправдите и да се избори за слобода. На 5 октомври 1878 година по јулијанскиот календар, односно на 17 октомври по грегоријанскиот календар, започнало Македонското […]

Вратени 16.952 текста објавувани од 2009 до 2026 година на порталот „Македонска нација“

Зачуван е најголемиот дел од богатата архива на порталот — текстовите повторно се достапни за читателите, а со нови материјали продолжуваме да го збогатуваме македонското историско и културно наследство. Во април 2026 година порталот „Македонска нација“ стана недостапен. Не знаеме со сигурност дали стануваше збор за хакерски напад или за друг проблем. За да продолжиме […]

Силна поддршка од Унијата на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ за Стојанчо Радичевски во Брвеница

Нивната посета на Брвеница е израз на заедништво и поддршка за неговата кандидатура на изборите што ќе се одржат во недела, на 18 октомври 2026 година. Поддршката од ветераните ја нагласува важноста на обединувањето и посветеноста кон заедничката цел – подобри услови за живот и развој на сите населени места во општината. Радичевски дипломирал на […]

СДС и Филипче знаат само за марихуана економија и стабри здравство

Владата на ВМРО- ДПМНЕ испорачува конкретни резултати, повисоки пензии, економски раст и нови инвестиции СДС повторно со празни соопштенија и бледи пораки. На безидејната СДС се што е добро за државата им смета, им смета развој, им смета напредок на државата. Во СДС се нервозни и конфузни па се прашуваат што доби Македонија, па да […]

Филипче прозборе за сомнежи за злоупотреби во СДС — нека каже сè што знае

Дали темата за наводно 37 милиони евра поскапиот договор за хеликоптери ја отвора поради јавниот интерес или поради внатрепартиската пресметка? Филипче треба јасно да одговори дали располага со документи и непосредни сознанија или го користи веќе изнесениот навод како оружје против внатрепартиските критичари. Од кога ги знае информациите? Дали претходно побарал проверка? Кои документи ја […]

To top