На прво место

Ова е земја каде на сила владее хунта со политички прогон, со затвори и со физичко насилство

Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

ва е земја каде на сила владее хунта со политички прогон, со затвори и со физичко насилство

Во Македонија нема демократија. Ова е земја каде на сила владее хунта со политички прогон, со затвори и со физичко насилство. Сето тоа само да се спречи опозициското мислење и делување. Тепањето на Миле Јанакиески и Спиро Ристовски е акт на деспотизам кој што не смее да остане неказнет. Чинот што било дозволено тепање на притвореници е тежок срам за држава на европско тло.

Секој што има барем малку здраворазумие во себе знае дека со оставката на директорот на Истражниот затвор не смее да се забошоти случајот со тепањето на поранешните министри Јанакиески и Ристовски.

Оставката на Ѓоко Котевски не смее да биде замена за истрага за случајот, не смее да биде забошотување за да се дојде до вистината кој стои зад овој грозоморен чин. Кои се организаторите, кои се нарачателите? Одговори на овие прашања не смеат да бидат заборавени или да потонат во сенката на оставката на Котевски. Одговорност за физичките напади врз Јанакиески и Ристовски мора да понесат и Зоран Заев и Рената Десковска.

Срамно е однесувањето на власта. Срамно е однесувањето на СДСМ. Јасно е дека не само што не е спречено тепањето врз двајца кои што се жртви на политички прогон, туку истите се обидуваат и да ја манипулираат јавноста, дека тепањето, нападот не се случил или како што велат дека било незначителено, што тоа и да значи. Ништо од реакцијата на власта од реакцијата на СДСМ нема демократски, нема ни Д од демократија, нема ни буква човечност, нема ништо од почитување на човекови права. Зар во заминувањето на оваа власт треба да очекуваме јавни ликвидации, линч на неистомисленици?

Македонија е заробеник на систем во кој што Зоран Заев и неговата криминална банда си дозволуваат притворање на политички неистомисленици за потоа да бидат изложени врз тепање и насилство. Без одговорност од врвот до раководителите на службата за обезбедување во затворот, нема да биде решен проблемот.

Состојбата е пресериозна, заевизмот е отфрлен од граѓаните, отфрлен од народот, Заев и неговата криминална банда ја испишуваат најнасилната, најдеспотската страница од историјата на Република Македонија.

Тепаат и линчуваат луѓе по затвори. Граѓаните ги прочитаа очајните обиди на криминалната насилничка банда која што прави се за да остане на власт. Ова не се заборава, и одговорните ќе бидат казнети.

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top