На прво место

Се потврди дека ја говорев вистината за Вице Заев

Николоски

Се потврди дека ја говорев вистината за Вице Заев

Денеска сфативме неколку работи од распитот на тужителот Вице Заев. Дека прво, истиот е јавна личност, нешто што во тужбата, но и неговиот адвокат во подготвителното рочиште тврдеше дека не е. Имено, Вице Заев кажа дека не е јавна личност и дека нема давано изјави во медиуми. Од моја страна беа презентирани негови интервјуа во медиуми и со самото тоа, господинот Вице Заев призна дека е јавна личност. Кога сте јавна личност, мора да сте подготвите да трпите повисоко ниво на критики, и кога нешто ќе биде кажано за вас, имате два начини да одговорите, да го потврдите или да го демантирате, ама никако да се тужите во суд, изјави денеска потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски по денешното рочиште.

-Втора работа која што се утврди денес во ова рочиште е дека истиот е сопственик на повеќе компании од она што е познато во јавноста. Имено самиот кажа дека е сопственик на две компаниии, за после тоа самиот да се демантира за да каже дека е сопственик на неколку компании, ама таму имал по, како што самиот карикираше, 20 и нешто проценти, што повторно го прави сопственик, рече Николоски.

Третата работа која што се констатираше денес, подвлече Николоски, е дека Вице Заев добил за само 40 квадрати, стан, земјиште, кое што е во вредност од 2 милијарди денари.

– Значи, написите кои вие денес ги пишувавте, тој денес ги потврди. Потоа, потврди за некои негови бизнис партнери, за кои што се споменуваше во минатото. Потврди дека тој лично, и неговото потесно и пошироко семејство е дел од бизнисот со одгледување на медицинска марихуана, потврди дека е дел од бизнисот градежен, и и исто така, потврди дека неговите компании имаат раст во изминатите години, што мене ми дава право да заклучам дека станува главен бизнис фактор во државата, рече Николоски.

Тој заклучи дека со денешното рочиште и распитот на Вице се потврдиле сите наводи кои што тој ги има кажано во тоа телефонско јавување и со самото тоа смета дека судот треба да го ослободи од вина на следните рочишта.

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top