На прво место

ХРВАТСКИ НОВИНАР ЗА ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО

ХРВАТСКИ НОВИНАР ЗА ПРОМЕНАТА НА ИМЕТО

Хрватскиот новинар Иван Бродиќ објави деновиве во порталот ДИРЕКНО извонреден коментар за промената на името на нашата земја со длабока анализа и критички осврт со којшто укажува на скандалозната операција без преседан што ја спроведе – како што вели тоj: “aнaционалната лeвицa” во Република Македонија. Тие (анационалната левица, МТр) не само што наметнаа ново име на една држава, и покрај негативната референдумска воља на политичката нација, туку успеаја да укинат еден цел политички народ. Националната држава (Република Македонија) постана терирторија како аморфна маса на која живеат граѓани во генитив!
Имено, до неодамна постоеше земја која Република Хрватска, заедно со 138 држави во светот ја признаа по нејзиното сега веке поранешно уставно име Република Македонија. Заради тоа можеме да кажеме дека почина Република Македонија која беше според уставните промени на втемелени во договорот на “северномакедонскиот” премиер Зоран Заев (koj минатата година во Солун изјави дека не се смета за Македонец, туку за граѓанин на светот) и Ципрас во Солун ( градот koго граѓаните на Северна Македонија не ке смејат повеке да го ословуваат со словенското име во службената комуникација), за којшто гласаа сите пратеници во Собранието од СДСМ, сите пратеници од албанските партии во Собранието и осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои со тие гласови истргуваа слобода од затвор на што беа осудени поради мирните протести против промена на уставот.

И самиот премиер, кој дојде на власт со неуставна конституција на парламентот (немаше мнозинство од 61 пратеник, туку од 59), предизборната кампања ја водеше по пат на протести што добија име “Шарена револуција” заради потребата за уништување на скопските фасади со разни бои, а тоа го финансираше американскиот филантроп Џорџ Сорос и неговата фондација Отворено општество.

Иако би можело да се каже дека уставните промени и промената на името беа неопходен компромис за да се прекине тридецениската блокада за влез во евроатланските институции, токму во тоа се крие и првото подметнување. Македонија, имено, не е крива за невлегувањето во споменатите институции, бидејки земјата (Македонија) на Балканот беше прва подготвена за влез во НАТО, а во неа подршката за влез во ЕУ беше поголема од 80 посто. Дерогирањето на подршката, институционалните проблеми и наводното вртење на еден политичар (денес азилант во Будимпешта) кон Русија впрочем се последица на нерационалната грчка блокада, а не нејзин повод.

До блокада дојде и покрај одредбите на тогаш сеуште Република Македонија за непостоење на аспирации према Егејска Македонија. Многу веројатно и поради страв од геноцидот над Македонците во Егејска Македонија 1948 и 1949 година.

Второто подметнување од луѓето што го оправдуваа сегашното преименување е во договорот што е спротивен на Охридскиот мировен договор од 2001. година е што Зоран Заев го постигна со потписниците на Тиранската платформа. Имено Охридскиот договор заради страв од нови етнички судири од 2001 година предвидува власта секогаш да ја конституираат победничките партии од двата конститутивни народи (Македонците и Албанците, забелешка МТр).

Tиранската пратформа тоа го прекрши и под спонзорство на Еди Рама и Хашим Тачи тоа го прекрши и сите албански партии во Македонија влегоа во таа коалиција. Покрај федерализација на земјата и двојазичност на територијата на целата земјаа, значи и во места каде што нема Албанци, побараа и укинување на македонско државјанство. Прифакајки го тоа денес, Северна Македонија според уставот не е повеќе национална држава на Северните Mакедонци (бидејки, ете, постојат белким и јужни, од грчко потекло, од грчката покраина Македонија која се до 1990 година НЕ го носела тоа име, а се викала Северна Грција), туку граѓани на Северна Македонија.
За оние на кои не им е јасно за што се работи, да се потсетиме зошто во 1989, 1990, и 1991 година инсистиравме на номинатив во називот за Република Хрватска.
Третото подвалување кое е еднакво со Гебелсовата пропаганда, се крие во уште еден договор којшто го потпиша премиерот на Северна Македонија, апатрид по сопственото признание, Зоран Заев. Станува збор за Софискиот договор. Граѓанинот на светот Заев тогај му потпиша на Бојко Борисов документ според кој во името на (тогај сеуште) Република Македонија се откажува од македонското минато и дозволува инспекција на бугарското министерство за просвета во македонските учебници да врши преглед. Потпиша (Заев, наша забелешка) дека целаста историја на (дотогаш сеуште) Република Македонија започнала во 1945 година, а се пред тоа била бугарска историја. Заради тоа, Заев мораше да му се извинува на Бојко Борисов бидејки Илинденското востание и Крушевскиот манифест ги нарече дел од македонската историја.

Четвртото подметнување е во тоа што сите противници на новонастанатата ситуација се прогласуваат за русофили, Станува збор за граѓани на западна Европа или за ониа кои поминале години на западот дека се русофили!? Противприроден блуд е блуд исто како и да се занемари поврзаноста на Заевата партија со, поверениците на Турскиот тек со руски бизнисмени со “поранешната отоманска територија – Грција”.

Со смртта на Република Македонија, според тоа, можеби е направеен чекор кон ЕУ и НАТО (каде на Република Македонија одамна и беше место), убиен е цел еден политички народ и продадена е неговата историја. Сумирано во една реченица: Северна Македонија и нејзиниот нов устав Македонците како нација ги става законска положба во каква што беа пред Илинденското востание.

Превел од хрватски МТр

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top