Давкова: Победата на овие избори ќе биде вовед во предвремени парламентарни избори
Единствената промена која што ја направи СДСМ во изминатиот период е најболната промена за секој од нас, промена на името, рече кандидатот за претседател на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова додека имаше обраќање во живо на емисијата „Македонски Корени“ од Сиднеј.
Taa нагласи:
Тоа значи воедно и НЕ за промената на името, но и значи и НЕ за недемократските методи на промената на името, но значи и НЕ за апсолутистичката власт концентрирана во рацете само на премиерот. Јас велам дека тоа е премиерски систем од најлош вид, од типот на сезализам, каулизам, дека навистина ова е време тивкото мнозинство да биде многу гласно. Зошто победата на овие избори ќе значи вовед во предвремени парламентарни избори- посочи Силјановска Давкова.
Извор: lider.mk