На прво место

МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА ЈА ОТФРЛААТ НЕЗАКОНСКАТА ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА

МАКЕДОНЦИТЕ ВО КАНАДА ЈА ОТФРЛААТ НЕЗАКОНСКАТА ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА!

5 март 2019 година, Торонто, Канада

– Владеењето на правото, демократијата, човековите права и почитувањето на волјата на народот се вредности од кои се раководат западните земји. За жал, овие вредности брутално се прекршени во процесот наметнат на Република Македонија, а со цел промена на името, идентитетот и историјата на Македонија и на Македонците во светот. Истото се однесува и во деловите на Македонија поделени во 1913 година помеѓу Србија/Југославија (сега суверена држава Македонија), Бугарија, Грција и Албанија.

Македонците не го прифаќаат бришењето на еден цел народ заради реализација на желбите на нашите угнетувани и задоволување на целите на западниот империјализам. Тоа е неприфатливо за секој кој тврди дека ги почитува човековите права!

Врз основа на ова, Македонската зедница во Канада ја утврди следната декларација:

(1) Се осудува секоја употреба на незаконски наметнатото име “Северна Македонија“ и расистичкото именување “Северни Македонци“ наместо Република Македонија и Македонци;

(2) Се отфрла употребата на актуелното државно знаме со 8-зрачно сонце, донесено по барање на најголемиот угнетувач на Македонците – Грција. Ова знаме ќе биде отстрането од сите македонски цркви и објекти и од сите македонски настани во Канада;

(3) Се отфрла секој обид за промена на името на Македонската Православна Црква, вклучувајќи ја замената на името на МПЦ со “Охридска Архиепископија“;

(4) Сите претставници на нелегалниот режимот на Зоран Заев се прогласуваат за непожелни persona non grata во Македонската заедница во Канада;

(5) Од меѓународната заедница се бара итна одбрана на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ;

(6) Од македонските политичари се бара веднаш да престанат со било какви отстапки пред нашите угнетувачи; и

(7) Од македонските политичари се бара да ја спречат промената на името Македонија.

Не прифаќаме ништо друго освен почитувањето на нашето вековно македонско име, идентитет, етничка припадност и историја, и нема да толерираме никаков обид за нивно поткопување.

Нашето Име е Македонија!

Потписници на оваа декларација во моментот на нејзината објава по азбучен ред се: Андон Лазов Јанев Ќосето; Здружението на македонските деца бегалци од Егејскиот дел на Македонија; Добротворното здружение Баница, основано во 1911 година во Торонто; Леринското околиско македонско културно здружение во Канада; Македонскиот академски совет; Македонскиот хуманитарен детски фонд; Македонското меѓународно движење за човекови права; СНС Македониум – Торонто; Македонската православна црква “Свети Климент Охридски” во Торонто; Македонската Православна Црква “Свети Димитрија Солунски” во Маркам; Македонскиот православен манастир “Свети Илија” во Торонто; Македонската Православна Црква “Свети Наум” во Хамилтон; Македонската православна црква “Света Недела” во Ајакс; Организацијата Обединети Македонци во Канада; и Светскиот Македонски Конгрес – Канада. Листата на потписниците на оваа декларација ќе се ажурира, имајќи предвид дека македонските организации во Канада секојдневно пристапуваат кон нејзино потпишување.

Македонците во Канада – обединети во одбрана на нашето име Македонија!

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top