На прво место

Повик на жените, мајките, бранителките за пристапување во Македонскиот Народноослободителен Фронт!

Македонскиот Народноослободителен Фронт ги повикува сите субјекти и поединци да застанеме заедно со својот Македонски народ и потписниците на сите Барања, Петиции, Декларацијата со црвените линии на Македонскиот народ, во еден заеднички ШИРОК Македонски ФРОНТ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА!

Пристапувањето/приклучувањето во МНФ е овозожено по електронски пат, преку страницата: https://www.facebook.com/mnfront/photos/pcb.263271211286867/263270744620247/?type=3&theater како и со давање лични писмени Изјави и потпишување во тетратки на МНФ ( со самоорганизирање, за што ќе нè известите), за тие кои немаат можност да пристапат и да комуницираат по електронски пат.

Ве молиме, потврдете го вашето пристапување, како поединец и субјект (организација, здружение, пол.партија, асоцијација и др.) и лицето кое ќе ве претставува (на средби, состаноци и сл.)

Одговорете на пораката и на мејлот преку кој ќе го добиете овој Апел-Повик (во прилог).

Македонија на Македонците!

14.02.2019 г.

ЖЕНИ, МАЈКИ, БРАНИТЕЛКИ НА УНИВЕРЗАЛНИТЕ ЕЛЕМЕНТАРНИ И ЕСЕНЦИЈАЛНИ ПРАВА

Го пренесуваме повикот во целост

АПЕЛ – ПОВИК

ДО МАКЕДОНСКИОТ СУВЕРЕН НАРОД И СИТЕ ПРОМАКЕДОНСКИ СУБЈЕКТИ

ОД ЖЕНИТЕ, МАЈКИТЕ, БРАНИТЕЛКИТЕ НА УНИВЕРЗАЛНИТЕ ЕЛЕМЕНТАРНИ И ЕСЕНЦИЈАЛНИ ПРАВА

За ОТПОЧНУВАЊЕ И СТАПУВАЊЕ ВО ШИРОК #МАКЕДОНСКИ_НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН_ФРОНТ

ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ОКУПАТОРОТ И ОКУПАЦИЈАТА

Со оглед на тоа што НАМЕСТЕНАТА НЕЛЕГИТИМНА АНТИМАКЕДОНСКА ВЛАСТ веќе ја застапува и настапува од име на некоја ,,Северна Македонија“ којашто мнозинството и мнозинскиот македонскиот народ ниту ја изгласал, ниту пак ја признава и прифаќа туку напротив, досега безброј пати сме се обраќале аргументирано, на разни начини против овие антимакедонски политики, со автентични родољубни иницијативи, повици, барања, декларации, одлуки, петиции, претставки, протести, маршеви, бојкот, отпор, граѓанска непослушност, за одбрана на националниот, народниот и државниот суверенитет и одбрана на универзалните елементарни и есенциални права, а врз основа на нашето универзално, елементарно и неотуѓиво право на самоопределување загарантирано со Уставот на РМ, Резолуцијата на ООН од 1948 година, Виенската конвенција и другите меѓународни акти/договори и меѓународното право, чиј што потписник е и Р.Македонија, истото не ни беше заштитено, не беа прифатени и не беше постапено по тие наши барања и укажувања, туку флагрантно, незаконски ни се одзеде.

Кога неправдата, кршењето и одземањето на унивeрзални елементарни и есенцијални колективни и индвидуални човекови права загарантирани на сите народи па и на Македонскиот, станува закон и кога правно, историско и административно бришење на македонската држава станува закон, тогаш ОТПОРОТ И БОРБАТА СТАНУВА ОБВРСКА И ИСТОРИСКА ДОЛЖНОСТ!

ДА ПОСТАПИМЕ ПО ЗАКОНСКОТО, УСТАВНОТО И МЕЃУНАРОДНОТО ПРАВО И ДОЛЖНОСТ ВО ОДБРАНА НА СВОИТЕ ЗАГАРАНТИРАНИ УНИВЕРЗАЛНИ ЕЛЕМЕНТАРНИ И ЕСЕНЦИЈАЛНИ ПРАВА!

Врз основа на ДЕКЛАРАЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗА НЕГОВИТЕ ЦРВЕНИ ЛИНИИ и Стратегија за зачувување на Името на Република Македонија и на Македонскиот Идентитет, Јазик, Историја и Култура, која за првпат, после АСНОМ, се носи од Македонскиот народ (која тековно се потпишува) и е доставена до највисоките најрелевантни инстанци во државата и на меѓународно ниво и во име на ГЛАСОТ И ВОЛЈАТА на Македонскиот народ изразен преку досега дадените своерачни потписи, изјави и приклучување и пристапување кон граѓанските иницијативи за самоодбрана, сочувување на суверенитетот и државата (со сите атрибути) и ослободување од окупаторската диктатура на нелегитимната власт:

1. НЕ ПРИЗНАВАМЕ НЕЛЕГАЛНИ И НЕЛЕГИТИМНИ ДЕЈСТВА И ОДЛУКИ на нелегитимната октроирана, ненародна власт и окупаторска диктатура и ИЗВРШЕНИТЕ УСТАВНИ ИЗМЕНИ СО ЦЕЛ ПРОМЕНА НАВЕКОВНОТО И УСТАВНО ИМЕ на државата РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

2. НЕ ЈА ПРИЗНАВАМЕ НЕЛЕГАЛНАТА И НЕЛЕГИТИМНАТА ТВОРБА „РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ И КАКОВ БИЛО ПРАВЕН ПРОМЕТ СО НЕА ИЛИ ВО НЕА ВО НАШЕ ИМЕ ГО ПРОГЛАСУВАМЕ ЗА НИШТОВЕН!

3. СИТЕ СУВЕРЕНИ, ЗАСТАНУВАМЕ СО МАКЕДОНСКИ СВОЈОТ ЕДИНСТВЕН СУВЕРЕН НАРОД ВО РЕДОВИТЕ НА ШИРОК #МАКЕДОНСКИ_НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН_ФРОНТ, за ОСЛОБОДУВАЊЕ од наметнатата ОКУПАТОРСКА ДИКТАТУРА НА ОВАА НЕЛЕГИТИМНА, НЕЛЕГАЛНА, АНТИМАКЕДОНСКА, ВАНДАЛСКА ВЛАСТ!!!

4. ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЈА ПРОГЛАСУВАМЕ ЗА СЛОБОДНА СУВЕРЕНА ТЕРИТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И СИТЕ ЛОЈАЛНИ ДРЖАВЈАНИ И МАЛЦИНСТВА, КОИ ЖИВЕАТ ВО НЕА И НАДВОР ОД НЕА, ВО ЗЕМЈИТЕ И ДРЖАВИТЕ КАДЕШТО ЖИВЕАТ МАКЕДОНЦИ ПО РОД И ДРЖАВЈАНСТВО!

Оние што ќе застанат во редот, ќе бидат прогласени за органски доблесен родољубен дел од Македонскиот народ.

Оние што нема да го прифатат тој последен крик за ослободување на Македонскиот народ и држава, ќе ги сметаме за соучесници на окупаторите и како што најавуваме подолго време, ќе бидат жигосани од сопствениот народ.

Пристапувањето/приклучувањето во НОФ е овозожено по електронски пат, преку фб страницата Македонски_НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН_ФРОНТ како и со давање лични писмени Изјави и потпишување, за тие кои немаат можност да пристапат и да комуницираат по електронски пат.

Ве молиме, потврдете го вашето пристапување, како поединец и субјект (организација, здружение, пол.партија, асоцијација и др.) и лицето кое ќе ве претставува (на средби, состаноци и сл.) Одговорете на пораката и на мејлот преку кој ќе го добиете овој Апел/Повик.

Македонија на Македонците!

14.02.2019 г.

ЖЕНИ, МАЈКИ, БРАНИТЕЛКИ НА УНИВЕРЗАЛНИТЕ ЕЛЕМЕНТАРНИ И ЕСЕНЦИJАЛНИ ПРАВА

Најново од: На прво место

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува сквернавењето на македонското знаме во Гостивар

Македонското знаме е симбол на државноста, суверенитетот и независноста на Република Македонија, а секое негово сквернавење треба да биде санкционирано согласно законските прописи. На 27 ноември 2026 година во ОВР Гостивар било пријавено отстранување на македонското државно знаме, поставено од Општина Гостивар на улицата „Илинденска“. На видеоснимката објавена на социјалните мрежи се гледа како две […]

Сребро за Софија Станковска на меѓународниот боксерски турнир во Загреб

Македонската боксерка со борбеност, карактер и одличен настап повторно ја израдува македонската спортска јавност. Македонската боксерка Софија Станковска со нејзиниот трењер Кристијан-Кице Мојсовски Македонската боксерка Софија Станковска, членка на БК „Аперкат“, освои сребрен медал на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“, потврдувајќи го својот талент и потенцијал. По одличната победа со едногласна одлука на судиите […]

Свети апостол и евангелист Матеј

На овој ден именден празнуваат Матеј, Матеја и Матко. На 29 ноември Македонската православна црква – Охридска архиепископија го празнува споменот на Свети апостол и евангелист Матеј, еден од дванаесетте Христови апостоли и автор на првото Евангелие во Новиот завет, според црковното предание. Свети Матеј, познат и под името Левиј, бил син на Алфеј. Пред […]

Скопје ќе блесне во новогодишно руво

Скопјани ќе имаат единствена голема новогодишна прослава на градскиот плоштад, главниот град ќе биде украсен во периодот од 10 до 15 декември, а паралелно продолжува реализацијата на значајните инфраструктурни проекти. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето во „Тема на денот“ на телевизија Сител, ги најави плановите за новогодишното украсување на главниот град и […]

Филипче и СДС – како ловџија со празна пушка

Она што Владата предводена од Христијан Мицкоски го реализираше или го започна за две и пол години, Филипче треба да го спореди со резултатите од седумгодишното владеење на СДС и да објасни како би го реализирал во наредните дваесет и пет години. Политичката одговорност не се избегнува со постојано критикување на актуелната власт, туку со […]

Софија Станковска и Матеја Илиевска во борба за злато во Загреб

Македонските боксерки Софија Станковска и Матеја Илиевска денеска ќе се борат за златни медали на меѓународниот боксерски турнир „Zagreb Boxing Queen“ во Хрватска. Софија Станковска од БК „Аперкат“ вчера со одличен настап, борбеност и извонредна техника извојува убедлива победа со едногласна одлука на судиите, со резултат 5:0, обезбедувајќи пласман во финалето. Матеја Илиевска од АС […]

Започнуваат Божикните пости – духовна подготовка и македонска народна традиција

На 28 ноември започнуваат четириесетдневните Божикни пости, кои траат до Бадник, 6 јануари, во пресрет на еден од најголемите христијански празници – Рождеството Христово, Божик. Божикниот пост претставува период на духовно прочистување, молитва, покајание, милосрдие, простување и подготовка за достоинствено празнување на Христовото раѓање. Божикните пости во македонската народна традиција Почетокот на Божикните пости има […]

Гордана Димовска: Клучни информации за гласањето во Викторија

Денес, сабота, 28 ноември 2026 година, се одржуваат редовните  шеесет и први државни избори во сојузната држава, Викторија. Се одржуваат континуирано од 1856 година, кога Викторија воспоставила дводомен парламент со одговорна влада. Тие доаѓаат по изборите во ноември 2022 година (60-ти парламент), а новоизбраните 88 пратеници во Долниот дом и 40 членови во Горниот дом […]

To top