На прво место

Стево Пендаровски е класичен пример на матрицата на Заевизмот

Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Пендаровски почна да бара алиби-свесен за поразот

Стево Пендаровски е класичен пример на матрицата на Заевизмот. Знае дека повторно губи и од сега бара алиби за поразот. И тоа со толку навредлива лага, што таа се израмнува и со терминот „Стока“ што тој го употребува кога зборува за граѓаните!

Тоа што Пендаровски е фотографиран од граѓаните како лаже, и му ја прикажуваат дволичноста, за него тоа се странски служби! Фатен во лага, фатен лажна скромност, тој без трошка срам, обвинува за следење од странски служби!

Низ Скопје го следеле служби и го виделе во југо, го запреле, му дале да вози современ автомобил и го фотографирале за да го дискредитираат! Ете тоа почитувани, во тоа ве убедува Стево Пендаровски кој сака да биде Претседател на Република Македонија!

Внимавајте, кандидат на власта, во втор обид да биде заштитник на криминалот и на заевизмот, фатен во лага како наместо Југо, вози автомобил неколкукратно поскап, тој обвинува, внимавајте, бил следен од странски служби!? И тоа во корист на опозицијата?

Јавноста не само што е вчудоневидена, не само од обидот за лажна скромност на Пендаровски е цела збунета, туку и за обидот за јавните партиските местенки и игри во СДСМ преку грбот на граѓаните, повеќе не може да верува на овој кандидат! Пендаровски со ова јавно го посочува Оливер Спасовски, неговиот партиски противкандидат дека не работи и дека безбедноста е порозна и дека низ земјата хараат странски служби!

Во период кога опозицијата е под силен политички прогон, се вршеа претреси на автомобили, сите се под присмотра и политичко судски монтиран процес, кандидатот на власта во втор обид за претседател, Стево Пендаровски вели дека низ државата „харале, снимале, фотографирале“ странски служби?

Тоа е СДСМ, тоа е матрицата на заевизмот – лага, местенки, посочувања.

Ова не е прв пат Пендаровски да биде дел од лаги за партиски борби преку јавноста. Тоа беше случај и во 2014 година кога Пендаровски, во лаги ги заплетка и Заев и Црвенковски, околу тоа кој со кого разговарал и кој добил поддршка за следен лидер.

На Македонија најмалку и треба уште еден заевист на функција, одобрувач на заевизмот и криминалот на власта. Заевизмот ќе биде поразен и тоа добро го знаат. Лагите повеќе не им минуваат. Честита Македонија ќе победи, Гордана Силјановска Давкова е претседател кој гарантира право и правдина.

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top