На прво место

КАДЕ ТОА МАКЕДОНЦИТЕ ЌЕ БИДАТ МАКЕДОНЦИ И КОЈА ИНСТИТУЦИЈА ЌЕ ГИ ПРЕТСТАВУВА??!

Розеана Новоселска

Не гледам Канал 5, 24 ТВ, СИТЕЛ, ТЕЛМА, но вчера случајно барајќи по програмите го ловам Алаксандар Николоски на 24ТВ во дебатна емисија со еден таканаречен новинар т.е. трубафон на Заевистичкиот картел како запиња со; „Па кој тоа може мене да ми го загрози идентитетот!!??? па јас ќе си бидам тоа што сум си!! што ако се е сменето, тоа не менува ништо …јас ќе си бидам Македонец„??!!
И слушајќи ја неговата аналфабетска ароганција заклучокот е дека треба да се објаснат неколку елементарни работи .

1. ШТО Е НАРОД?
2.КОИ СЕ СОВРЕМЕНИ ПРИДОБИВКИ НА НАРОД-МАКЕДОНСКИ СО И ВО СВОЈА ДРЖАВА?
3. ШТО ПОТПИШАЛЕ НА БАРАЊЕ НА ГРЦИЈА ВО ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОР ПО ОДНОС НА МАКЕДОНСКИ НАРОД И ЗОШТО?

1. НАРОД е посебна група на луѓе кои ги поврзува ист јазик , култура, литература, обичаи, исто потекло, препознавање на исти претци и иста историја и паметење за историјски настани.

2. Македонски Народ во современието со своја држава како и сите други Народи со сопствените држави, покрај сето под 1. го поврзуваат и создадените СВОИ МАКЕДОНСКИ институции кои го претставуваат на разни начини , дома собирајќи ја домашната, култура, знаење, доктрина, вештини, литература, научни и историјски богатства како белег на постоењето на тој МАКЕДОНСКИ НАРОД со учество на сето тоа знаење и наследство во целата светска цивилизација преку разни форуми, конгреси, семинари, платформи во безбројните такви интернационални организации кои на научно и други нивоа го верифицираат таквото светско богатство на сите пријавени и постоечки НАРОДИ во светот. По тој основ Македонската Филхармонија ќе ги изрази музичките постигнувања или вештини на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД во тој домен . Слично како и Институтот за МАКЕДОНСКА ИСТОРИЈА , Музеите ќе ја изразат научната фактографија за учеството на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД во тоа богатство и наследство. ИТН. Ништо од ова погоре не им достапно на Курдите или на други народи кои немаат држава која рамноправно ќе ги впише во сите интернационални организации.

3. Според член 1, точка 5, точка 6, и 6а од самоволно без одобрение на Македонскиот Народ, потпишаниот КОЛОНИЗАТОРСКИ ФАШИСТИЧКИ таканаречен Преспански Договор се суспендира и забранува користењето на сите МАКЕДОНСКИ ИНСТИТУЦИИ дома и надвор , ШТО ЗНАЧИ ДЕКА ПРЕСТАНУВА ПОСТОЕЊЕТО НА ИНСТИТУЦИИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД А СО ТОА И МАКЕДОНСКИ НАРОД САМ ПО СЕБЕ КАКО ТАКОВ а со посебно инсистирање дека било каде спомнат поим „Македонци“ се однесува исклучиво на ГРАЃАНИ од таа географска територија,Член1,точка3, став б) !!
#ДАНЕСЕЛАЖЕМЕ!

Во консталацијава на отворено непријателство и сеопфатно бришење на се што е МАКЕДОНСКО,КАДЕ ТОА МАКЕДОНЦИТЕ ЌЕ БИДАТ МАКЕДОНЦИ И КОЈА ИНСТИТУЦИЈА ЌЕ ГИ ПРЕТСТАВУВА??!
И уште едно зошто Грција толку инсистира на наше себепоништување АКО ТОА БАШ АМА НИШТО НЕЗНАЧИ??!
Одговорот на “ЗОШТО“, е деинсталирање на Државата Македонија како држава на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД и бришење на било каде заведено било какво постоење на МАКЕДОНСКИ НАРОД !

Најново од: На прво место

Манасиевски: (ФОТО + ВИДЕО) Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко?

Филипче лажеше за мигрантите, за ИПАРД програмата, за извештајот на Вајц, за банкрот на државата, за анкети, лажеше дека вакцинираше внуче, лажеше дека нема златна виза, сега последно излажа дека имал кола од 6.000 евра. Филипче е роден лажго. Во анкетниот извештај доставен до ДКСК, Филипче нема автомобил од 6.000 евра, туку две моторни возила, […]

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

To top