На прво место

Политичките пресуди од вкупно 211 години затвор се погребување на правото

ФОКУС НА ДЕНОТ: Затворски казни за „крвавиот четврток“, но „паднаа“ и тешки зборови

Митко Чавков, поранешниот директор на БЈБ, доби првостепена казна затвор пд 18 години заедно со времето поминато во притвор и куќен притвор поради неделување за време на настаните на 27 април во Собранието. Митко Пешов е осуден на казна затвор од 15 години. Истата казна ја доби Душко Лазаров, Горан Јошевски – Леви, Оливер Радулов е казнет на 10 години затвор, Мунир Пепиќ на 15 години, Абдулфета Алими е осуден на 7 години затвор, Младен Додевски доби 12 години. Јане Ченто доби 15 години затвор. Горанче Ангеловски е осуден од 12 години, исто како и Игор Југ. На Влатко Трајковски му е досудена 15 годишна казна, а за Вилијам Михајловски 14 години. Никола Митревски – Кољо е осиуден на 15 години, а за Александар Василевски – Нинџа е одредена осумгодишна казна.

Сите се прогласени за виновни за насилство и тероризам, освен Игор Дурловски.

За упадот во Собранието на „крвавиот четврток“, Јане Ченто доби 15-години затвор, како обвинет во случајот.

Тој не побара да се брани од слобода до правосилност на пресудата, затоа што како што рече, секако ќе биде напишана некоја службена белешка со која ќе биде вратен во притвор.

„Не се плашам од затворот. Вие ме осудивте, историјата ќе нè ослободи. Еден ден ќе огрее сонцето на слободата. Да живее Република Македонија“, изјави Ченто.

Пејачот Игор Дурловски кој е единствениот кој беше ослободен од обвинението за 27 април, кратко по заминувањето од судот на социјалната мрежа Фејсбук постираше нумера која ја изведува тој, со порака: „Кога слободата е ропство, а среќата тага“.

Дурловски беше прогласен за невин, а останатите 16 обвинети за насилствата во Собранието од 27 април 2017 година, добија вкупно 211 години затвор за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Тој пред судот беше дочекан со прегратки од блиските. Роднините на другите осудени реагираа за добиените високи казни. Екс директорот на БЈБ, Митко Чавков доби највисока казна од 18 години затвор.

Ме осудивте на 12 години и понижен сум, требаше 15 и јас да изедам, изјави Игор Југ на кој му се судеше за настаните за време на упадот во Собранието на 27 април лани.

Тој рече дека постојат две најголеми предавства што човек може да ги направи, а тоа е да си ја предаде татковината, и да си го предаде семејството.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека казните за „крвавиот четврток“ се драконски, а пресудите сметаат дека се претходно нарачани и напишани, без да се земат в предвид доказите.

Велат дека политичките пресуди од вкупно 211 години затвор се погребување на правото.

https://faktor.mk/fokus-na-denot-zatvorski-kazni-za-krvaviot-chetvrtok-no-padnaa-i-teshki-zborovi

Најново од: На прво место

Анкета на „Гранулекс“: Мицкоски 18,9% — Филипче 3,6%.

По прославата на четвртото место во првиот круг во Брвеница, Филипче со 3,6 проценти веќе знае како се слави — само уште поводот да го објасни. Мицкоски 18,9, Филипче 3,6 — Како шту му „расте“ рејтингот на Филипче по еден процентен поен на избори, а Мицкоски остане на истото, на Филипче ќе му требаат уште […]

Мицкоски и Радичевски на средби со граѓаните во Брвеница: Пораки за единство, заедништво и развој

При посетата на Дреново, Радиовце, Седларце и Брвеница, Мицкоски повика на поддршка за Радичевски на 1 ноември, а кандидатот за градоначалник се заблагодари за довербата и изрази очекување за победа во вториот круг. Кандидатот за градоначалник на општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, заедно со премиерот и претседател на партијата, Христијан Мицкоски, денеска оствари теренска […]

ГОЛЕМА ПОБЕДА НА МАКЕДОНЕЦОТ ОД АВСТРАЛИЈА – АЛЕКСАНДАР ВОЛКАНОВСКИ -The great

Австралискиот ММА борец со македонско потекло Александар Волкановски, познат по својот прекар „The Great“ (Великиот) извојува огромна победа на UFC 333 во Абу Даби, одбранувајќи ја својата титула во пердув категорија против претходно непоразениот предизвикувач Мовсар Евлоев. Александар Волкановски уште еднаш докажа зошто е еден од најголемите шампиони во историјата на ММА, оставајќи ги без […]

Милошоски: Партнерството со САД и европската определба се заеднички интерес на Македонија

Продлабочувањето на врските со Вашингтон е компатибилно со зајакнувањето на политичката и економската соработка со европските партнери, оцени Милошоски. Македонија има добра меѓународна позиција, со можност истовремено да го развива стратешкото партнерство со САД и да ги унапредува односите со Европската Унија и со државите од регионот. Ова го истакна пратеникот и член на Извршниот […]

СДС расте во анкетите, ама анкетите никако да излезат на виделина!

Пред изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче најави дека ќе објави анкети според кои СДС имал висок рејтинг, а граѓаните биле незадоволни од ВМРО-ДПМНЕ. Поминаа две недели, а од најавените анкети — ниту трага ниту глас. Изгледа само тие го пропуштиле гласањето во Брвеница. Филипче должи едноставен одговор: каде се анкетите во кои СДС расте, […]

Ѓорѓи Јолевски, Стојко Стојков и Виктор Лилчиќ Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“ за 2026 година

Признание за долгогодишната посветеност на македонската култура, уметност и наука Државната награда „23 Октомври“ за 2026 година им беше доделена на актерот Ѓорѓи Јолевски, за остварувања во областа на културата и уметноста, и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс, за остварувања во областа на науката. Свеченоста се одржа […]

Импресиум – Податоци за редакцијата на „Македонска нација“

„Македонска нација“ е основана во 1971 година како печатено издание во Минхен, Германија, со главен уредник Драган Богдановски. Од 2009 година „Македонска нација“ продолжува да живее како интернет-портал, со главен уредник Манојил – Мане Јаковлески. Порталот „Македонска нација“ е посветен на Македонија, неговата историја, култура, јазик, традиција и национален идентитет. Нашата мисија е да ја […]

Мицкоски: Нашето паметење не подлежи на туѓо одобрување – Гоце е Македонија!

„Свои на своето“ е заветот на секоја слободна генерација: тука припаѓаме, тука одлучуваме и тука ќе успееме, порача премиерот на свечената академија по повод 23 Октомври. По повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, на свечената академија во НУ Македонски народен театар во Скопје се обрати претседателот на Владата на Република […]

To top