На прво место

ПОДДРШКА ЗА ФАМИЛИИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ УСТАВОБРАНИТЕЛИ

ПОДДРШКА ЗА ФАМИЛИИТЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ УСТАВОБРАНИТЕЛИ – БРАНИТЕЛИТЕ НА МАКЕДОНСКОИОТ ПАРЛАМЕНТ И МАКЕДОНИЈА

Драги Браќа и Сестри Македонци низ целиот свет каде што не има ,драги пријатели на Македонија ,епилогот од настаните за судбоносниот ден 27ми Април на сите ни е добро познат. Многумина од нашите браќа следните 10 до 18 години ќе ги поминат одделени од своите семејства ,без можност да обезбедат финансиски средства за опстанок на своите фамилии.

Соочувајќи се со суровата судбина и факт дека фамилиите на нашите патриоти долго време нема да имаат финансиска поткрепа од своите најблиски. Наша задача ,цврсто веруваме дека и наша должност како Македонци е да ги помогнеме финансиски нивните фамилии се до нивното обединување и слобода.

Македонскиот Светски Конгрес -Канада и Македонската заедница во Канада од почетокот на немилите настани во 2017 година па до ден денес, низ разни донаторски акции има собрано и испратено над 100,000 канадски долари директна помош на над 40 фамилии од нашите патриоти-усатвобранители.

Не смееме да дозволиме Македонските патриоти и нивните семејства сами да ги пребродуваат овие тешки моменти. Нашата помош ќе им биде од големо значење како финансиски така и морално.

По тој повод Македонскиот Светски Конгрес -Канада ,заедно со Македонската зедница во Канада за брзо време планира да организира неколку донаторски евенти во Канада ,воедно за кратко време ќе отвориме и GO FUND ME страница каде секој Македонец од целиот свет ќе може да донира и помогне на загрозените фамилии од нашите уставобранители.Во догледно време планираме да отвориме и Интернационален Монетарен Фонд за уставобранителите кој ќе биде отворен за донации до денот кога сите наши браќа ќе бидат на слобода.

Како што работевме до сега,така и овој пат 100% од собраните средства ( минус провизијата од страната Go Fund me и трошоците за организирање донаторски евент ) ќе бидат донирани ДИРЕКТНО и транспарентно до фамилиите на нашите уставобранители/патриоти кои се во притвор или домашен притвор чекајки правосудна пресуда и уставобранителите кои веќе ја одслужуваат затворската казна.

Слобода за нашите Уставобранители -Да живее Македонија

Македонскиот Светски Конгрес -Канада

Торонто Канада 16,Март 2019 година

Најново од: На прво место

„Македонецот“ и „Мајко мила“ пред прогонетите деца од Егејска Македонија

На 23 септември, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржа второто претставување на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски. На настанот присуствуваа многубројни посетители, меѓу кои најголемиот дел беа луѓе прогонети како деца од своите домови во Егејска Македонија. За многумина во салата, прикажаното […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

To top